10 острови, што чинат помалку од стан во Њујорк

Со парите со кои што некои луѓе купуваат станови, тие можат да си купат цел остров во некое парче од рајот на земјата и да им останат уште.

 

Во светот се нуди огромна разновидност на острови за продажба – мали, големи, оддалечени, изградени, беспрекорни. Погледнете ја оваа чудна колекција на острови, кои што чинат помалку од стан во Њујорк, избрани од Conde Nast Traveler:

Острови Пиакабуки, Бразил

o1(21)

Цена: 79 500 долари

Површина: 81.58 хектари

Тоа се 6 острови, кои ќе ве чинат колку едно Bentley. На нив растат кокосови дрвја. Се наоѓаат во североисточниот дел на Бразил.

Каставео, Вануату, Јужен Тихи Океан

o2(22)

Цена: 199 000 долари

Површина: 81 хектари

Опкружени се од гребен, плажите се со чист бел песок. Не се развиени, па тука можете да  живеете како Робинзон Крусо.

Тахифехифа, Јужен Тихи Океан  

o3(22)

Цена: 370 205 долари

Површина: 1.09 хектари

Опкружен е од коралниот гребен. Наоколу пливаат китови. Ако го побарате на  Google ќе видите една мала точка меѓу огромната сина маса на океанот.

Бонфиш Кеј, Бахамите, Карипско Море

o4(19)

Цена: 599 0000 долари

Површина: 6 хектари, делумно изграден

Тука има неколку новоизградени бунгалови. До него се стигнува со краток лет од Насау.

Хе Атол Моту, Француска Полинезија

o5(18)

Цена: 640 000 долари

Површина: 17 хектари

Се наоѓа во архипелагот Туамоту. Тука ќе си имате сопствени палми и лагуна.

Коб Ајленд, Алјаска

o6(19)

Цена: 645 000 долари

Површина: 4.49 хектари

Тука можеби ќе се радувате на најчист воздух во САД.

Даменд Хек, Хондурас

o7(14)

Цена: 650 000 долари

Површина: 1.4 хектари

Се наоѓа јужно од Јотила. Опкружен е од коралниот гребен, кој што нуди прекрасни услови за нуркање.

Бреверс, Мериленд, САД

o8(16)

Цена: 650 000 долари

Површина: 1 акр

Се наоѓа во близина на копното. Некогаш беше прибежиште за избегани затвореници

 Исла Парида, Панама

o9(13)

Цена: 899 000 долари

Површина: 25 хектари

Се аоѓа во морскиот парк Кирика. Тука можете да се судрите со огромна разновидност на морски видови, како и мајмуни.

Хапер Ајленд, Мејн

o10(13)

Цена: 975 000 долари

Површина: 146 акри

Има изградено крајбрежје и отворени патеки за прошетка низ шумата. 

- Реклама -