10 од 10 за Рома, нов рекорд во Серија А!

Историски момент за Рома, Римската Волчица е првата екипа која има десет победи во првите десет кола од Серија А.

Рома вчера вечер забележа минимална, но историска победа над Киево, Римската Волчица е првата екипа во Серија А со десет победи во првите десет кола.

Фактот што во овие десет победи Рома прими само еден гол, му дава дополнителна големина на ова фантастично остварување.

Пред почетокот од сезоната ретко кој ја вбројуваше Рома во кандидатите за првите места на табелата, но момците предводени од Руди Гарсија се најпријатното изненадување во фудбалска Европа.

Вечерва Рома со 1-0 славеше над Киево на Олимпико, притисокот за победа беше голем, тоа се одрази и на играта на фудбалерите.

Отпорот на Киево беше скршен во 68. минута кога Бориело го постигна единствениот погодок на натпреварот.

10 натпревари, 10 победи, со 24 дадени и само еден примен гол, остварување за секоја почит.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -