10 неверојатни јахти кои се изнајмуваат на лето

Од Architectural Digest   избраа 10 од најпрекрасните  јахти во светот, кои можат да бидат изнајмувани  во текот на летото.

Dragonfly

Јахтата е создадена од страна на австралиската компанија Hanseatic Marine и е поставена на вода во 2009 година. Внатрешноста е дело на компанијата   Silvestrin Design со седиште во Минхен. Јахтата е нарачана од германскиот индустриалист Гвидо Краш, а нејзиното прво име е Silver Zwei. Таа сепак е продадена и преименувана во 2011 година. Внатрешноста дава чувство од 70-тите години со сјајни дрвени орнаменти и бели кожени софи. Освен тоа располага и со   џакузи и писта  за хеликоптер.

j1

j10.10

Maltese Falcon Maltese Falcon 

Оваа јахта се смета за најголема  во светот, а  е изградена во 2006 година, за Американецот Том Перкинс. Јахтата е направена од познатата италијанска компанија Perini Navi и е продадена во 2009 година на грчката милиардерка Елена Амбросиадо.

j2

j1.1

4YOU

Оваа ултра -луксозна јахта е основана во 2009 година од страна на холандската компанија Heeseen Yachts, а современиот нејзиниот дизајн се должи на Omega Architects. Ѕвездената двојка Џеј Зи и Бијонсе беа забележани како одмараат на јахтата во Средоземното Море заедно со својата ќерка во септември 2012 година.

j3

j2.2

Beluga 1

Создадена е во Турција,   во 1998 година, но е целосно променета во 2007 година од сопственичката Анушка Хемпел што се занимава со внатрешен дизајн. Јахтата пред се ја користела само таа и нејзините пријатели, но веќе ја изнајмува за патувања во Јадранското Море.

j4

j3.3

 

Mariu

Легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани ја порачал оваа јахта  во 2003 година. Оттогаш јахтата е продадена, но таа се уште има луксузни ентериери, а нејзините четири нивоа се поврзани со лифт.

j5

j4.4

 

CHRISTINA O

Јахтата е изградена во 1943 година, а  си обезбедува место во историјата, откако ја купил и реновирал  грчкиот бродски магнат Аристотел Оназис во 1954 година. Оваа јахта  е икона од златната ера на Холивуд, а на неа често гостувале ВИП личности,  како Винстон Черчил, Елизабет Тејлор и се разбира Жаклин Кенеди, која подоцна станува сопруга на Оназис.

j6

j5.5

Fleurtje

Изградена е во 1960 година, но во текот на годините е надградена, а денес е еден од најдобрите примери на морската архитектура и дизајн од средината на 20-тиот век. На големата горна палуба има доволно место за сончање и  огромна маса за јадење, а јахтата дури има и винарска визба.

j7

j6.6

TV

Прв пат запловува во  2008 година , благодарение на  германската компанија Lürssen Yachts, во комбинација со исклучителни изгледи кои ги вметнал  архитектот Еспен Оеино и грациозен ентериер дело на покојниот дизајнер Алберто Пино. Јахтата има голем спа центар со турска бања, фитнес, џакузи и базен.

j8

 

j7.7

Vajoliroja

Оваа јахта е во сопственост на актерот Џони Деп.  Изградена е во 2001 година со седиште во Истанбул, а е  обновена во 2008 година. Името на јахтата е акроним од првото име на Деп, оние на неговите две деца Лили Роуз и Џек и на неговата поранешна партнерка Ванеса.

j9

j8.8

Hemisphere

Изградена  е во 2011 година од британската компанија Pendennis Shipyard Hemisphere. Во дизајнот  Hemisphere јахтата се користат 18 различни вида кожи, меѓу кои крокодилска и шагренова кожа.

j10

j9.9

 

- Реклама -