Меркур е најблиската планета до Сонцето и, по исклучувањето на Плутон од друштвото, најмалата планета во сончевиот систем. Поради специфичната местоположба, се работи за една глобална пустина, на која никогаш не би можело да се развие живот.
Меркур е најблиската планета до Сонцето и, по исклучувањето на Плутон од друштвото, најмалата планета во сончевиот систем. Поради специфичната местоположба, се работи за една глобална пустина, на која никогаш не би можело да се развие живот.
1. Меркур го добил своето име според римскиот гласник на боговите, бог на трговијата и заштитник на патниците чиј старогрчки еквивалент е Хермес. Старогрчките астрономи имала две имиња за оваа планета: наутро Аполон, утринската ѕвезда и навечер Хермес, вечерната ѕвезда.
2. Просечното растојание помеѓу Сонцето и Меркур е 58 милиони километри или 0.38 астрономски единици. За споредба, една астрономска единица е должината на просечната оддалеченост на Земјата од Сонцето.
3. Меркур е најмала од планетите во сончевиот систем, со дијаметар од 4880 километри (приближно третина од Земјата). На неа нема атмосфера, а околу неа нема месечини, ниту какви било други сателити.
4. На Меркур има најрадикални температурни разлики од сите небесни тела. Страната свртена кон Сонцето достигнува до 427 степени, а на другата страна температурата паѓа до -187 степени. Поради тоа, целата површина е една голема пустина, која дополнително е опустошена од бројните удари од метеори.
5. Меркур секогаш сјае поради близината на Сонцето, но од истата причина тешко се забележува – секогаш изгледа како да е залепен до Сонцето. Со голо око може да се види на самрак и в зори, во многу кус интервал.
6. Меркур орбитира околу Сонцето за 88 денови, најбрзо од сите планети.
7. Меркур е геолошки мртва планета (подолго од 4 милијарди години). Поради внатрешната неактивност, како и силното гравитациско влијание од Сонцето, времето на ротација на планетата е најбавно од сите планети, цели 180 денови. Тоа значи дека една година на Меркур е повеќе од два пати покуса од денот.
8. За разлика од сите останати планети во сончевиот систем, небото на Меркур секогаш е ѕвездено и црно, поради отсуството на атмосфера што би создала друга боја прекршувајќи ја светлината.
9. Иако се работи за едно од најжешките небесни тела, на половите има мраз. Причината за тоа се бројните, длабоки кратери кои создаваат длабоки (вечни) сенки до кои сончевата светлина никогаш не допира.
10. Во 1974, вселенското летало Маринер 10 извршило мапирање на само 45% од површината на Меркур, пред да му снема гориво. До неодамна, никој ја немаше видено другата страна на Меркур (телескопот Хабл, на пример не може да го слика, поради близината на Сонцето, чија светлина би го оштетила). Во 2008 година, беше испратено ново летало, Месинџер. Сателитот ќе ја слика целата планета и ќе ги испрати податоците назад на Земјата.