Од сите места во нашиот сончев систем, црвената планета, Марс, веројатно е најизвиканото во историјата, во уметноста, во популарната култура, митологијата… Но, тоа е само уште една од осумте планети во големото семејство, или не е? Прочитајте ги овие десет неверојатни факти за Марс.
Од сите места во нашиот сончев систем, црвената планета, Марс, веројатно е најизвиканото во историјата, во уметноста, во популарната култура, митологијата… Но, тоа е само уште една од осумте планети во големото семејство, или не е? Прочитајте ги овие десет неверојатни факти за Марс.
1. Првото забележано име за планетата доаѓа од старите Египќани. Тие ја нарекле планетата Har dècher што значи „Црвениот“. Вавилонците го нарекле Nergal – Ѕвездата на смртта. Хебрејците го викале Ma’adim – оној кој поруменува. Најпосле, старите Грци и Римјани го именувале според своите богови на војната – Арес и Марс.
2. Црвената боја на Марс се должи на железо оксид, попознато како ’рѓа. Најкусо речено, карпите на Марс богати со метали за’рѓуваат.
3. Ако беше возможно да се вози до Марс, со просечна брзина од 100 km/h, ќе ви беа потребни 271 година и 221 ден за да стигнете до таму.
4. Марс нема озонска обвивка. Токму затоа неговата површина се преплавува со смртоносни дози радијација, секогаш кога сонцето ќе изгрее.
5. Атмосферата на Марс е главно составена од јаглерод диоксид. Патем, таа е толку ретка, што вода не може да постои во течна форма. Ако ја има, тогаш таа е или водена пара или мраз.
6. Човечко суштество не би можело да го преживее притисокот на Марс без соодветен вселенски костум. Изложувањето на тој притисок инстантно ќе направи крвта да ви испари и да се претвори во меурчиња. Смртта настапува во истиот момент.
7. Марс го има најголемиот лавиринт од долини и планини во сончевиот систем. Наречен е „Ноќен лавиринт“. Дополнително, на оваа планета се наоѓа најголемиот кањон во сончевиот систем – „Долината на морепловците“, долг 4 илјади километри и длабок околу 6 и пол.
8. Годината на Марс трае речиси колку 2 години на Земјата. На Марс му се потребни 687 дена за да заокружи околу Сонцето. Затоа и годишните вреимња (кои значително се разликуваат од нашите) траат двојно подолго.
9. За време на марсовската зима, речиси 20% од воздухот смрзнува.
10. Ако мразот на северниот пол се претвори во течност, ќе ја покрие целата планета, со длабочина од 11 метри.