10 неверојатни факти за Хималаите

Химелаи Хималаите се најголемиот и највисок планински масив во светот. На нив се наоѓа и врвот на светот – Монт Еверест. Но, колку нешта знаете за овие неверојатни планини? Во продолжение следат десет факти кои најверојатно не сте ги знаеле.


Хималаите се најголемиот и највисок планински масив во светот. На нив
се наоѓа и врвот на светот – Монт Еверест. Но, колку нешта знаете за
овие неверојатни планини? Во продолжение следат десет факти кои
најверојатно не сте ги знаеле.

Химелаи1. Хималаи во превод значи „снежен дом“.

2. Планинскиот масив настанал пред седумдесетина милиони години кога дошло до судар помеѓу индо-австралиската и евро-азијската тектонска плоча. Резултатот од тоа се убавините по кои денес Непал е толку познат (75% на Непал отпаѓа на Хималаите).

3. Покрај тоа што овој масив е највисок, исто така е и најмлад.

4. На Хималаите, само во Непал, има 250 прекрасни врвови кои надминуваат 6000 метри надморска височина.

5. 31 од врвовите на Хималаите се повисоки од 7600 метри.

6. Непал не е единствен кој може да се гордее со Хималаите. Тие се протегаат и низ: Кина, Индија, Бутан, Авганистан и Пакистан.

7. Должина на Хималаите од исток кон запад е во 2500 километри.

8. Кога се искачувате по Хималаите, ќе забележите драстични промени во климата. На подножјето владее тропска клима, а на врвовите вечен снег и мраз.

9. Трите главни речни базени во светот (Индискиот, Ганг-Брамапутра и Јанг-Це) извираат од Хималаите.

10. Хималаите се живи (геолошки активни). И денес, тие се поместуваат по 10 милиметри годишно. За 10 милиони години, ќе се поместат 1500 километри кон внатрешноста на Азија.

- Реклама -