10 неверојатни факти за Антарктик

Антарктикт Антарктик е најмистичниот и најнеистражен континент на планетава. Постојат многу интересни факти за ова чудно место, но овие се десетте најважни кои треба да ги знаете, а треба. Почнуваме со фактот дека многумина го мешаат Антарктикот со Арктикот. Антарктик е парчето земја под мраз на јужниот пол, домот на пингвините…


Антарктик е најмистичниот и најнеистражен континент на планетава.
Постојат многу интересни факти за ова чудно место, но овие се десетте
најважни кои треба да ги знаете, а треба. Почнуваме со фактот дека
многумина го мешаат Антарктикот со Арктикот. Антарктик е парчето земја под мраз на јужниот пол, домот на пингвините…

Антарктик1. Антарктик е најстудениот и најветровит континент на Земјата.

2. На изненадување од многумина, тој е исто така и најсувиот континент, со незначителна количина дожд и снег во текот на годината.

3. Името му потекнува од старогрчкиот јазик, а е дадено прилично неинвентивно. Значењето му е „спротивно од Арктик“. (Арктик значи „мечка“, а референца на „Големата мечка“, она што тогаш се мислело дека е соѕвездие и секогаш е на север.)

4. Континентот е откриен од руска експедиција во 1820 година, но не бил посериозно истражуван во следните стотина години.

5. На Антарктик не е забележано постоење на постојана човечка населба. Дури и денес, таму постојат само привремени научни експедиции.

6. Не Сахара, туку Антарктик е најголемата пустина во светот, со таа разлика што наместо песок, таа е прекриена со мраз.

7. Ледената обвивка е дебела 2,5 километри и во себе содржи 90% од сета слатка вода на планетава.

8. Ледената обвивка се топеше драматично. Во 2002 година, околу 2600 квадратни километри мраз отпаднаа во морето. Но, невообичаените врнежи од снег во последниве неколку години, и покрај предупредувањата за опасностите од глобалното затоплување, доведоа до здебелување на слоевите мраз.

9. Антарктикот е единственото природно живеалиште на пингвините. Но, одвреме-навреме, истите можат да се видат на јужните брегови од Јужна Америка и Африка.

10. Антарктик нема влада и не е во посед на ниту една земја. Многу држави во минатото го присвојувале за себе, но подоцна беше потпишан договор кој вели дека никој не смее да има територијални претензии и не смее да го експлоатира богатството (нафта и скапоцени метали) заради зачувување на природниот баланс.

- Реклама -