10 неверојатни цркви ширум светот

1232297118.jpg Кога веќе е толку популарна дебата за тоа дали да се гради црква на Скопскиот плоштад или не, не би било лошо да погледнеме и неколку други цркви. Неколку необични цркви. Доказ дека понекогаш овие изданија не се само свети објекти, туку и дека можат да бидат вистински чуда на архитектурата.


 

 
Кога веќе е толку популарна дебата за тоа дали да се гради црква на
Скопскиот плоштад или не, не би било лошо да погледнеме и неколку други
цркви. Неколку необични цркви. Доказ дека понекогаш овие изданија не се
само световни објекти, туку и дека можат да бидат вистински чуда на
архитектурата.

Јапонска Футуристичка Црква
a279_harajuku.jpg
 Оваа футуристичка протенстанска црква е лоцирана во Токио. Дизајнирана од фирмата Ciel Rouge Creation во 2005 – таванот е специјално направен да ги враќа ехоата на природниот звук за 2 секунди, со што се овозможува уникатно аудио доживување на поданиците и туристите.
 
 Катедралата Saint Basil
a279_basil.jpg
Кадетралата St. Basil се наоѓа на Црвениот Плоштад во Москва, Русија. Тоа е Руска Ортодоксна црква со низа шарени куполи во форма на свеќи и е дел од Московскиот Кремљ(комплекс во самиот центар на Москва, со четири палати, четири кадетрали и е опкружен со Кремљскиот зид и кулите на Кремљ).
 
Hallgrimskirkja: неверојатна црква во Исланд
a279_hallgrimur.jpg
 Hallgrimskirkja(во буквален превод: црквата на Hallgrimur) е Лутеранска црква лоцирана во Рекјавик, Исланд. Со своите 74.5м., таа е четвртата највисока структура во Исланд. Таа е крстена по Исландкиот поет Hallgrimur Petursson(1614-1674). Државниот архитект Gujon Samuelsson ја дизајнирал црквата во 1937 – за изградбата биле потребни 38 години.

 Temppeliaukio Kirkko: Камената црква

a279_temppeliaukio.jpg
Temppeliaukio Kirkko (камена црква) е возбудливо дело на модерната архитектура во Хелсинки. Комплетирана во 1952, таа е изградена под земја и таванот и е направен од бакарна жица. Дизајнирана е од браќата Timo и Tuomo Suomalainen. Тие избрале камена структура што се издига 40 стапки над нивото на улицата и ги срушиле зидовите одвнатре. Таа е една од најпопуларните туристички атракции во Хелсинки и е секогаш полна со посетители.
 
 Катедралата на Бразилија
a279_brasilia.jpg
Катедралата Metropolitana Nossa Senhora Aparecida во главниот град на Бразил е дело на архитектот Oscar Niemeyer. Оваа бетонска структура со нејзиниот стаклен покрив изгледа како да е отворена нагоре, горе кон рајот. Нејзината структура била завршена на 31 мај, 1970.
 
 Borgund црквата: најдобрата зачувана црква од летви
a279_borgund.jpg
Borgund црквата од летви е најдобрата зачувана од вкупно 28 такви цркви во Норвешка. Оваа дрвена црква, најверојатно изградена на крајот на 12 век, ја нема сменето својата структура;ниту пак имала некоја голема реконструкција од датата на која била изградена. Оваа црква е исто така позната и како „Чудото на Викингшката цивилиација“ во видео играта „Age of Empires II: The Age of Kings“
Прочитајте и:  Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера
 
 Las Lajas Катедралата: готска црква вредна за да ја има во бајка
a279_las_lajas.jpg
 Las Lajas катедралата се наоѓа во Јужна Колумбија и е изградена во 1916 во внатрешноста на каноњ на реката Guaitara. Според легендата, ова било местото на кое индијанска жена со името Maria Mueses de Quinones  ја носела на грб својата глувонема ќерка Rosa, близу  Las Lajas („карпите"). Maria седнала на карпа кога нејзината керќа за првпат прозборела за некаква појава во пештера.
Подоцна, мистериозна слика на Дева Марија како носи бебе била откриена на зид во пештерата. Наводно, студиите покажале дека на сликата нема никакви траги од боја или пигменти – туку, кога примерок од карпата бил земен, био откриено дека боите настанале сами во внатрешноста на карпата. Вистина или не, легендата помогнала да се изгради оваа неверојатна црква.
 
 Црквата St. Joseph
a279_st_joseph.jpg
St. Joseph црквата е Украинска – Грчка Католичка црква во Чикаго. Најмногу е позната по своите ултрамодерни 13 златни куполи, симболизирајќи ги 12те апостоли и Исус Христос како најголемата купола. Ентериерот на црквата е збогатен со фрески. За жал, иконографот бил депортиран во својот роден крај пред да успее да ги напише имињата на светците, како што е иконографската традиција.
 
 Црквата Ruzica: каде што канделарите се направени од оклопите на куршуми
a279_ruzica.jpg
Лоцирана во Калемегданската Тврдина во Белград, Србија, Ruzica црквата е смала капела декорирана со…потрошени куршуми, мечови и делови од топ!!! Местото на кое е сега црквата било користено од Турците како магацин за оружје преку 100 години и морало да биде отпоново изградено во 1920, после Првата Светска војна. Местото било речиси уништено од бомбардирање,но сепак, додека се бореле со Англија и САД, српските војници нашле време да ги состават овие неверојатни канделари. Претставува еден од најдобрите светски примери за војничка уметност, односно предмети што се направени од војници или воени заробеници.
 
  Капелата на St-Gildas: изградена под бездна од карпи
a279_gildas.jpg
Капелата на St-Gildas се наоѓа под местото Canal du Blavet, во Brittany, Франција. Изградена во самата база на бездната, ова некогаш било свето место на Друидите. Gildas патувал низ Келтскиот свет во Велс, Ирска, Корвел и Шкотска. Пристигнал во Brittany околу 540 година п.н.е. и таму проповедал Христијанство.

- Реклама -