10 неточни митови за мамурлакот

jpg_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copyРечиси секој кој го знаеме има своја теорија за тоа како да се помине низ мамурлакот. Некои од тие теории едноставно не се совпаѓаат со другите, а од некои од нив ќе ви биде дури и полошо. Еве 10 неточни такви митови, а и совети кои ќе ви помогнат полесно да го поминете „утрото после“.


hangover_copy

Речиси секој кој го знаеме има своја теорија за тоа како да се помине низ мамурлакот. Некои од тие теории едноставно не се совпаѓаат со другите, а од некои од нив ќе ви биде дури и полошо. Еве 10 неточни такви митови, а и совети кои ќе ви помогнат полесно да го поминете „утрото после“.

 

Мит 1. Пиењето аспирин додека се пие алкохол може да ја одложи главоболката

– ФАКТ: Аспирин додека пиете, или после мамурлак – НИКАКО! Аспиринот го зголемува отровниот секрет во стомакот и не прави ама баш ништо за да го елиминира алкохолот од вашето тело. Баш спротивно, докажано е дека аспиринот го зголемува нивото на алкохол во крвта за 26%, ако се земе пред пиењето.

Мит 2. Виното не создава мамурлак, водката создава

– ФАКТ: Не, всушност, црвеното вино може да ви предизвика поголем мамурлак од водката. Се ова поради нешто наречено „congeners“, кои ги има во алкохолот. Тие се токсични субстанци во алкохолот, и кога пиете, овие токсини се шират во вашето тело. Нивото на „congeners“ во алкохолот зависи од самиот алкохол. Поскапиот алкохол содржи помалку „congeners“, поради построгиот процес на дестилација и филтрирањето со поголем процент.
Темно обоените пијалоци, како што се: бренди, виски и црвено вино, имаат повеќе „congeners“ од чистите пијалоци, како: џин, водка и бело вино. Па, црвеното вино може да ве остави со мамурлак исто како и, или дури и полош, од водката. „British Medical Journal“ изврши испитување и се откри дека кога се пие бурбон виски се двојно поголеми шансите да се добие мамурлак, отколку да се испие иста количина на водка.
– СОВЕТ: Држете се до пиво или чист алкохол, до умерена количина.

Мит 3. Пиво пред жестоко дефинитивно ќе предизвика мамурлак!

– ФАКТ: Нема ништо во хемијата на овие два пијалока што кореспондира едно со друго кои би направиле да се чуствувате лошо наредниот ден. Тоа што се случува е дека кога почнувате со пиво вашето двоумење дали да пиете повеќе исчезнува, а кога ќе се префрлите на „потешките“ пијалоци поверојатно е дека ќе пиете побрзо.
– СОВЕТ: Ако се држите до пивото значи дека нема да се опиете толку брзо поради малиот процент на алкохол. Но на крај, количината плус брзината на тоа што го пиете ќе одлучи како ќе се чуствувате, а не редоследот на пијалоците.

Мит 4. Жените послабо добиваат мамурлак

– ФАКТ: Со еднаква количина на пијалок, алкохолот ќе ја остави жената двапати позашеметена отколку нејзиниот машки партнер. Типичното женско тело, со послаба тежина и помалку вода во него, ја прави жената по „подложна“ на алкохолот отколку мажот. Мажите имаат ензими кои дозволуваат да го метаболизираат алкохолот подбро од жените.
– СОВЕТ: Дами – си ги знаете границите. Нема потреба да се обидувате да бидете во ист чекор со вашите машки придружници.

Мит 5. Пиењето помага во стресни ситуации и при спиењето

– ФАКТ: Ако пиете да го намалите стресот, или за да заспиете, размислете повторно. Ако количеството на алкохол во вашата крв е големо, мозокот ќе неможе да влезе во REM (Rapid Eye Movement), фазата на спиење која овозможува релаксација. Вие ќе спиете цела ноќ и цел ден за ја победите главоболката, не давајќи му го одморот кој му треба на вашето тело и мозок.
– СОВЕТ: Наместо да пиете за да го намалите стресот, обидете се со други техники, како на пример јога или медитација.

Прочитајте и:  Невролозите откриваат едноставна навика која придонесува за здравјето на мозокот

Мит 6. „Можам веднаш да се освестам ако треба“

– ФАКТ: Ако мислите дека ако се истуширате и испиете 5 шолји кафе ќе ве освестат – размислете повторно. Се што му треба на вашето тело е време – зависно од вашата тежина, потребно е околу три часа за да се елиминираат секои две пијачки што сте ги имале претходната ноќ. Овие техники само ќе ви помогнат да бидете повнимателен за време на мамурлак.
– СОВЕТ: Ако веќе сакате „луда ноќ“, гледајте тоа да биде кога ќе немате ништо важно за правење наредниот ден.

Мит 7. Пијте многу вода следното утро

– ФАКТ: Иако е вистина дека пиењето вода помага при мамурлак, многу е важно и да се пие вода и додека се пие алкохол и пред да настапи мамурлакот. Алкохолот го дехидрира вашето тело кога го исфрлате во форма на урина. Оваа вода мора да биде заменета. Ако не пиете вода додека пиете алкохол, вашето тело ќе ја искористи водата која е потребна за другите витални органи, вклучувајќи го мозокот. Ова е една од причините за вашата главоболка.
– СОВЕТ: Обидете се да пиете една чаша вода на секои две алкохолни пијалоци.

Мит 8. Јадете пред да спиете

– ФАКТ: Всушност, подобро е да јадете пред да почнете да пиете отколку пред да почнете да спиете. По јадење, храната во вашиот стомак ја забавува апсорбацијата на алкохолот во вашиот крвен систем. И чудно, пржената храна оди добро со алкохол, бидејќи помрсната храна останува подолго време во стомакот. Ако вашето тело сеуште се обидува да го свари стекот кој штотуку сте го јаделе, на вашето тело ќе му треба и подолго време да го процесира и алкохолот и биопродуктите, и со тоа ќе спречи мамурлак. Па, пијте бавно, ама со полн стомак.
– СОВЕТ: Обидете се добро да се најадете пред вашата „луда ноќ“

Мит 9. Јадете лесно после мамурлак

– ФАКТ: Поважно од лесна храна, е да се јаде правилната храна која ќе ве редехидрира и ќе ви даде енергија. Некои примери: јајца, овошни сокови и банани. Ова ќе ви даде доста елекроцити и протеини, баш тоа што ви треба. Исто така, добра идеја се и спортските енергетски пијалоци.
– СОВЕТ: Гледајте ваквите работи секогаш да ги имате во фрижидер, бидејќи секогаш ќе ви затребаат „утрото потоа“.

Мит 10. Пиењето повеќе алкохол ќе помогне при мамурлак

– ФАКТ: Не верувајте на ова. Повеќе алкохол само ќе го одложи вашиот мамурлак за подоцна во денот. Или само ќе го зголеми отровот во вашето тело и ќе предизвика желба за повеќе пиење.
– СОВЕТ: Не правете го тоа! Погледнете го митот бр. 9 – подобро земете некој енергетски пијалок.

Значи, излезете и забавувајте се, но запомнете да се најадете убаво, да пиете доста вода и да избегнувате апчиња. А да, и да пиете одговорно:)

- Реклама -