Човечкото тело е комплексна биохемиска машина. Во него, постојано се случуваат голем број реакции, за кои најчесто и не сме свесни. Следуваат 10 факти за човечкиот организам кои (најверојатно) не ги знаевте.
Човечкото тело е комплексна биохемиска машина. Во него, постојано се случуваат голем број реакции, за кои најчесто и не сме свесни. Следуваат 10 факти за човечкиот организам кои (најверојатно) не ги знаевте.
1. Во стомакот имате опасна материја
Во желудникот имате разредена хлороводородна (солна) киселина. Оваа материја е високотоксична и корозивна (разградува и метали). Но, секретот на ѕидовите од желудникот ве заштитува од негативните дејства на киселината, а таа е неопходна во процесот на варење на храната.
2. Меморијата е тесно поврзана со позицијата на телото
Не можете да се сетите на некој важен настан? Веројатно зашто не сте сториле ништо необично во тоа време. Спомените во мозокот се формираат по асоцијација и секогаш се врзани со мирис, допир, специфична позиција на телото. Па, ако не можете да запамтите нечиј роденден или ако често си ја заборавате годишнината, направете нешто необично на тој ден (подарете цвеќе клекнати на едно колено) и потоа никогаш веќе нема да заборавите.
3. Коските се разградуваат во основни минерали
Во коските има висока концентрација на фосфор и калциум. Калциумот им е потребен и на мускулите и нервите, па ако се јави недостаток, се лачат хормони кои предизвикуваат разградување на коските, за да може да се повлече количината на калциум што ќе го избалансира недостатокот во мускулите и нервите.
4. Голем дел од оброците користи мозокот
Иако е само 2% од целата тежина, мозокот користи околу 20% од кислородот и калориите што ги внесувате во себе, за да може да функционира нормално. Три големи артерии постојано го снабдуваат со потребните материи. Прекин во доводот на крв, во која било од артериите инстантно ја попречува работата на мозокот. Ова е познато како мозочен удар.
5. Илјадници неискористени јајце клетки
Кај просечната адолесцентка има околу 34 илјади неразвиени фоликули кои имаат потенцијал да станат јајце клетки. Во текот на животот, само околу 350 се искористуваат, до моментот на менопауза. По оваа точка, останатите фоликули дегенерираат.
6. Пубертетот ја менува структурата на мозокот
Во текот на пубертетот, хормоните го преобликуваат телото, подготвувајќи го за репродукција. Но, некои хормони, како тестостеронот, директно влијаат врз оформувањето на невроните, преструктурирајќи го мозокот. Појавата на емоционална несигурност, апатија и намалување на способноста за донесување одлуки се последица на преструктурирањето на предниот дел од мозокот.
7. Клеточните влакна го влечат секретот
Влакната во клетките помагаат при влечење на секретот. Пример за ова е носната празнина. Клеточните влакна се задолжени да го влечат секретот од носната празнина кон грлото. Кога ќе настинете, се јавува пренатрупаност со секрет, по што носот започнува да ви тече, зашто клеточните влакна не можат да си ја завршат работата.
8. Големите мозоци ја пренатрупуваат устата
Едно од најбескорисните нешта што ни ги подарила еволуцијата се умниците. Но, тоа е така само од наша гледна точка. Нашите претци ги користеле умниците како една од главните алатки за преџвакување на месото кое не секогаш било добро зготвено или пак воопшто не било зготвено. Подоцна, кога мозоците почнале да ни растат, се намалил просторот во устата, оставајќи ги умниците како забава за стоматолозите.
9. Смеењето е заразно
Исто како што проѕевањето, кивањето и плачењето знаат да предизвикаат мимикрија, така и смеењето се покажало како заразно во студиите. Веројатно се работи за начин да се зајакне единството во групата преку синхронизирање на изразите на лицето. Со самото слушање смеа, мозокот веќе се подготвува за истата активност. Токму затоа ги слушате смеењата во позадина на хумористичните серии – во случај да не се смешни, сепак ќе добиете желба да се насмеете.
10. Кожата има 4 основни бои
Човечката боја без пигмент е бела. Крнивте садови близу до површината додаваат многу бледа нијанса на црвена. Постои жолт пигмент, а меланинот во големи количини ја прави кожата црна. Мешањето и дозирањето на сите овие основи, ни ја дава разновидноста на човечката кожа која денес ја гледаме на планетава.