10 нешта што мажите би сакале жените да ги знаат за нив

МажиМажите не се толку едноставни суштества, колку што жените мислат. Комлексноста на нештата што го дефинираат машкиот пол е огромна. Ова се само десетте нешта што мажите би сакале жените да ги знаат за нив…

Мажите не се толку едноставни суштества, колку што жените мислат. Комлексноста на нештата што го дефинираат машкиот пол е огромна. Ова се само десетте нешта што мажите би сакале жените да ги знаат за нив…

06-10-Things-Men-Wish1. Мажите сакаат комплименти, понекогаш

Жените претпоставуваат дека мажите ги сметаат комплиментите за премногу женска работа и според тоа, не ги сакаат. Ова не може да е подалеку од вистината. Мажите сакаат повремено да добиваат комплименти. Сакаат да им биде предочено дека нивните партнерки ги гледаат како сексуални објекти и не им пречи да им кажат дека им се допаѓаат бицепсите, задникот или пак нозете. Но, комплиментите не мора да бидат само физички. Мажите се возбудуваат и кога ќе ги пофалите за нивното готвење, за интелигенцијата, за чувствителноста, итн.

2. Искрени сме, затоа што ни значите

За да се снајдете во машкиот свет, мора да знаете да лажете. Најголем дел од мажите, го знаат тоа и прилично добро им оди. Кога мажот ќе почне да ви ја кажува вистината, не се жалете. Тоа само покажува дека му значите нешто и затоа не сака да ве стави во ист кош со сите оние случајни ликови на кои во текот на денот им изнакажува еден куп празни фрази. Но, младите мажи најчесто се изгоруваат со својата искреност, затоа што колку и да го потенцираат тоа, жените не сакаат да ја чујат вистината, па малку по малку почнуваат да си се цензорираат. А кога тоа ќе се случи, тогаш веќе треба да почнете да се загрижувате.

Девојки3. Треба да ја цените достапноста

Тоа што мажот е крај вас, значи дека му значите. Но, тоа не значи дека сака да слуша за некој кретен кој бил тука, но не бил; дух кој создал илузија за „маж“. Доколку дозволите „оној што ви избегал“, а всушност никогаш не бил ваш, туку само ве користел, да стане идеал за маж, тогаш сѐ повеќе мажи ќе стануваат такви за да го добијат она што го сакаат. По некое време, веќе нема да останат мажи кои ќе бидат крај вас.

4. Љубовта не значи дека треба постојано да бидеме заедно

Времето минато заедно е важно. Најчесто, тоа ја продлабочува и зајакнува љубовта. Но, како што вам ви е потребно време со другарките, така и нам ни е потребно време со другарите, заради себедефиницијата. По враќањето, најчесто ни недостастувате уште повеќе.

5. Ве почитуваме како жени, но ги сакаме и нештата што ве прават женствени

Еднаквоста на половите направи да се загубат некои од нештата што ги дефинираат половите. Нормално, никој кој е во допир со реалноста не би сакал нештата да бидат како „во старите времиња“. Но, не се откажувајте од нештата што ве разликуваат од нас, само за некому да му докажете нешто. Убаво е кога мирисате убаво, кога сте емотивни итн. (За исклучокот од ова правило, видете ја точка број 6.)

Мажи6. Станете шеф во спалната соба

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Бидете немирни. Употребете ги рацете и имагинацијата. Искажете ги фантазиите. Искажете го она што го сакате. Земете ја контролата и мажот ќе ви биде благодарен, а и несомнено, задоволството ќе ви се зголеми.

7. Првата обврска ни е кон себеси

Мажите растат знаејќи дека најважното нешто е себеисполнувањето, следењето на страстите и нештата кои нѐ прават среќни. По некое време, сите мажи сфаќаат дека дел од среќата лежи и во правењето некој друг среќен, но едноставно, на некои мажи им е потребно повеќе време. Не вршете притисок, туку следете ги своите интереси, сѐ до моментот кога ќе дојде време да почнат да се создаваат заеднички.

8. Мажите веруваат во она што можат да го видат

Сте се запрашале зошто мажите сакаат спорт? Затоа што тоа е едно од местата каде успехот може да се измери. На крајот од натпреварот, никој не може да го оспори бројот на постигнати голови. Дури и ако некои од нив биле сомнителни, постои официјален резултат. Во светот на емоциите, не е така едноставно. Тие се толку нејасни, што најчесто, неуспехот е многу веројатен исход. А, како што можеби сте забележале, мажите мразат неуспеси. Попрво ќе се тргнат од играта, отколку да си дозволат неуспех, поради нејасните правила. Затоа, внесете се во оние нешта што го прават вашиот маж среќен. Така, тој ќе види дека вам ви се важни неговите емоции, па така ќе почувствува посилна врска со вас.

9. Можеби губиме битки, но се трудиме да ги добиеме војните

Дали е толку страшно што сме го заборавиле капакот подигнат, ако тревата е искосена и ѓубрето исфрлено? Дали е страшно ако сме го пуштиле детето да си игра со другарчиња со исфлекана маица, но сме го натерале да си ја заврши домашната? Наместо само да критикувате, запомнете дека и признанијата што се заслужени треба да се оддадат.

10. Татковците се подеднакво важни како и мајките

Понекогаш, се преценува улогата на мајката, а се потценува улогата на таткото. Но, кога некој ви го задева детето, мажот е тој што треба да му каже како да се брани. Или кога има атлетска наклонетост, советите од таткото се тие што можат да го усмерат во правилна насока. Животното искуство на татковците е подеднакво важно колку и тоа од мајките. Од една страна затоа што создава баланс во личноста на детето, а од друга, затоа што некои нешта имаат поголема тежина кога ќе бидат кажани од него. Не го потценувајте тоа.

- Реклама -