10 нешта што стапалата можат да ги откријат за вашето здравје

Промената на нозете, ноктите или кожата можат да бидат први знаци за потенцијална болест.

Каролин Мекалон, педијатар, објаснува дека стапалата можат да бидат први погодени од проблеми со нервите, бидејќи се најдалеку од нашето срце и ‘рбет. Тоа е причината поради која не смеете да ги занемарите вашите нозе и стапала. Овие совети ќе ви помогнат вашите нозе да ги доживеете на еден поинаков начин.

1. Стопала без влакна

Тоа би можело да значи сериозен проблем со циркулацијата. Иако на лето не изгледа убаво, влакната на прстите на нозете се многу добра работа. Ненадејна „ќелавост“ може да значи дека вашите стапала не добиваат доволно проток на крв. Задолжително на доктор проверете го пулсот.

2. Чести грчеви во нозете

Ова е знак на дехидрација и недостатоци во исхраната. Случајните грчеви кои се појавуваат често можат да бидат и знак на генетиката, но и проблемите циркулацијата и нервите. Решението се наоѓа во вежбањето и пиењето многу вода, бидејќи дехидрацијата доведува до грчеви во мускулите. Исто така, во консултација со вашиот лекар, обидете се да го зголемите внесот на калциум, магнезиум и калиум. За релаксирање, топете ги стапалата во топла купка и истегнете ги прстите кон носот, не надолу.

3. Рани кои не заздравуваат

Тврдокорните рани и чиреви можат да бидат знак на дијабетес. Неконтролираниот шеќер во крвта може да доведе до оштетување на нарвите на нозете, па секоја сомнителна рана проверете ја кај вашиот лекар.

4. Секогаш студени нозе

Хипотироидизам (намалена функција на тироидната жлезда) е најчеста причина поради која нозете не можат да се згреат. овој проблем со себе носи и губење на косата, замор, здебелување, депресија. Лекот е правилна исхрана, а задолжително треба да се консултирате со вашиот лекар за лекови и терапија.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

5. Одеднаш продолжен палец на нозете

Ненадејната промена во големината на палците на нозете бара итна реакција кај доктор. Тоа би можело да станува збор за гихт, воспален артритис или инфекција. Не чекајте да помине самото од себе.

6. Вкочанетост

Вкочанетоста во двете нозе е позната како периферна невропатија, најчесто предизвикана од дијабетес, хроничен алкохолизам и несакани ефекти од хемотерапија. Сепак, вкочанетоста во само една нога или стапало може да значи стегнатост на нервите во ногата или глуждот (што може да биде од тесни чевли).

7. Неисправна положба на стапалата

Можно да е наследно, а можеби е последница на долгорочно носење на високи потпетици.

8. Болка во петите

Дали чувствувате остра болка кога станувате од кревет или од стол? Тоа се лигаментите кои го проддржуваат вашиот колк. Тие болат поради честото носење на апостолки, вискоки потпетици, износени патики и слично. Превенцијата е добар избор на обувки, а ако вежбате- задолжително истегнувајте се на почеток.

9. Чешање или лупење на кожата

Ова можеби е знак на габична инфекција. Задолжително употребувајте анти-габичен крем и држете ги нозете суви и на воздух во текот на денот.

10. Жолти нокти на нозете

Пожолтувањето на ноктите на нозете може да дојде со возраста, но може да биде и знак на инфекција.

 

- Реклама -