10 нешта кои не смеете да ги кажете на интервју за работа

Интервју Колку што е корисно да знаете што да кажете на интервју за работа, треба да знаете и што не смеете да никогаш да изустите. Интервјуата за работа не се само за да се открие кој е најквалификуван, кој остава најдобар впечаток, туку за да се види и кој е најдобар лажго. Следи листата на 10 нешта што треба да ги премолчите, доколку сакате да ја добиете работата.


Колку што е корисно да знаете што да кажете на интервју за работа, треба да знаете и што не смеете да никогаш да изустите. Интервјуата за работа не се само за да се открие кој е најквалификуван, кој остава најдобар впечаток, туку за да се види и кој е најдобар лажго. Следи листата на 10 нешта што треба да ги премолчите, доколку сакате да ја добиете работата.

Интервју1. „Ми требаат парите…“ Иако тоа е веројатно единственото нешто што ви треба од работодавачот, не смеете да го кажете, зашто ќе изгледате очајно.

2. „Последниот шеф беше кретен!“
Оваа изјава покажува огорченост и доколку толку лесно на непознати им кажувате колку бил кретен последниот, тогаш најверојатно истото ќе почнете да го кажувате и за човекот кој ве интервјуира.

3. „Полошо е отколку да си од ВМРО / СДСМ!“
Едно од најумните нешта што можете да ги направите во својот живот е да си ги зачувате политичките ставови за себе. Не постои начин да знаете за кого „навива“ соговорникот и дали воопшто.

4. „Фала му на господа“
Како и политичките ставови и религиозните се нешто што е лично и не треба да се споделува, особено не со некој што првпат го гледате. Истиот може да добие погрешен впечаток.

5. „П#$*% му мајчина!!“
Иако некои пцовки се станати толку чести во колоквијалниот јазик што започнувате да ги слушате насекаде, не е умно да ги вклучите во репертоарот на „мудри“ изјави за време на интервју за работа. Обидете се да користите најчист можен речник во таа прилика.

6. „Детето често ми се разболува“
Ако се спомне темата деца, а вие ги имате, тогаш е добро да се каже збор-два, колку да покажете дека имате живот и надвор од канцеларијата. Но, ако потенцирате дека детето често ви се разболува, тогаш работодавачот може тоа да го разбере како знак дека често ќе бидете отсутни и тоа сигурно ќе повлијае на неговата одлука.

7. „Најдобро функционирам во работно време од 9 до 5“
Со ваков став веднаш оставате впечаток на некој што ги мери секундите до заминување дома.

8. „Вегетаријанец сум“
Кога ги споменувате диетарните навики за време на интервјуто, тоа остава впечаток дека очекувате да бидете вработени затоа што сте „посебни“, т.е. затоа што не јадете месо, затоа што преферирате тофу или воопшто, сте се откажале од животински производи. Како што веќе споменавме во точките 3 и 4, некои нешта се лични и треба да останат такви.

9. „Немам многу време за читање“
Не ја споедлувајте оваа информација, зашто оддава лош впечаток. Дури и ако читате само весници или нешта на интернет, сметајте дека и тоа се важи. Општествениот код налага луѓето кои читаат да се поценети, па по потреба, слободно излажете!

10. „Имам страв од летање“
Ако работата од вас бара да патувате со авион, тогаш подобро прашајте колку патување ќе биде потребно. Немојте да ги откривате фобиите пред работодавачот – тоа ќе ве направи да изгледате слабо и несигурно.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината
- Реклама -