Путерот од кикирики за некои е храна на боговите. Може да се јаде со чоколада, со џем, со пилешко, па дури и може да се пие! Изгледа дека неговата употреба нема крај. Па, за да го докажеме тоа еве 10 употреби на путерот од кикирики за кои најверојатно не сте знаеле. Се надеваме дека барем некои од нив ќе ги најдете корисни.
Путерот од кикирики за некои е храна на боговите. Може да се јаде со чоколада, со џем, со пилешко, па дури и може да се пие! Изгледа дека неговата употреба нема крај. Па, за да го докажеме тоа еве 10 употреби на путерот од кикирики за кои најверојатно не сте знаеле. Се надеваме дека барем некои од нив ќе ги најдете корисни.
10. Лубрикант
Путерот од кикирики е одличен лубрикант. Ако вашата косилка за трева почнала да зарѓ’ува, само ставете и путер од кикирики – да видите како веднаш ќе ја „оживее“. Овој совет е практичен за оние на кои постојано им треба некаков лубрикант за р’ѓосани делови, но некако никогаш немаат во близина – додека пак секогаш имаат путер од кикирики во фрижидерот. Може да се користи буквално за секакви лубрикантски потреби.
9. Животинска медицина
Ако чувате мачка или куче и самите знаете колку може да биде тешко кога треба да им дадете лекарства – посебно ако се во форма на таблета. За среќа, мачките и кучињата обожуваат путер од кикирики, па наредниот пат кога ќе треба да им дадете лекарства само измешајте ги заедно со путерот. Ќе нема повеќе борба со животното кога треба да му ја држите устата отворена и со сила да се обидувате да ги голтне апчињата.
8. Замена за путер
Повеќето рецепти за кои се бара путер можете да ги направите и со путер за кикирики наместо oбичен путер. Во колачињата и тортите може да биде одлична и вкусна замена. Исто така можете путерот од кикирики да го искористите и за филот.
7. Стапица за глувци
Глувците не се нешто особено луди по сирењето – затоа и е толку чудно што тоа е првата храна која луѓето ја бараат при поставување на стапица. Тоа што повеќето луѓе не го знаат е дека глувците се луди по путерот од кикирики. Како е ова докажано не се знае, но фактот дека путерот од кикирики е поевтин од сирењето го прави овој совет доста корисен. Па следниот пат кога ќе сакате да фатите глувче, не купувајте пармезан или горгонзола – само ставете од добриот и стар евтин путер од кикирики.
6. Отстранувач на етикети
И покрај големиот развој на технологијата во последниве години, изгледа дека никој не успеа да измисли етикета која може лесно да се отстрани, без притоа да остави лепак за неа. За среќа, го имаме путерот од кикирики. Намачкајте малку на лепакот од лабелата и избришете го со парче платно – работи брилијантно.
5. Против мирисот од риба
Ако некогаш сте пржеле риба, тогаш сигурно знаете каков непријатен мирис остава таа во куќата. За да го одстраните тој мирис, земте лажица путер од кикирики и ставете ја во истата тава каде што сте ја пржеле рибата. Мирисот од путерот од кикирики е многу попријатен од мирисот на рибино масло.
4. Чистач за кожни гарнитури
Путерот од кикирки е одличен чистач за кожни гарнитури! Само ставете мала количина и потријте во кружни движења, а потоа со друга крпа избрешете. Мала „утка“ на овој совет е тоа што ќе добиете чиста кожна гарнитура, но со мирис на кикирики. За да го избегнете ова, можете путерот да го измешате со малку парфем.
3. Колачиња од путер од кикирики
Ова и не изгледа толку чудно , но е вклучено бидејќи овие колачиња го имаат овој путер како главна состојка – нема масло воопшто. Колачињата се микс на путер од кикирики, шеќер, јајца и ванила. Можете и да вметнете делови од чоколада. Колачињата се неверојатно вкусни и треба само 20 минути за да се направат. Еве го рецептот
2. Отстранувач на мастики
Иако не им се случува толку често на возрасните(ама сепак им се случува), децата често можат да завршат со мастика во нивната коса. Нормално, ова следува со тегнење и чешлање, што на крај завршува со кубење на локните. Она што луѓето не го знаат е дека путерот од кикирики е одличен „отстранувач на мастики“ – не само од косата, туку и од тепихот или било кој друг дел каде што има мастика. Само протријте малку путер на матиката и извадете ја со некоја ткаенина.
1. Бричете се со него
Верувале или не, путерот од кикирики е одличен гел за бричење. Само ставете на лицето како што ставате пења и бричете се најнормално. Делува исто како и пења или гел за бричење, а и е многу поевтино. Резултатот е многу мазно бричење, а како бонус – маслото од путерот од кикирики е многу добро за вашата кожа, па не треба да потрошите плус пари на креми за лицето.