Еднаш гледани како брутални, гласни и полу-луѓе, сега се знае дека Неандерталците имале мозоци колку и нашите и своја сопствена култура. Ги закопувале своите мртви, се грижеле за старите…Тука обрнуваме внимание на 10 постојани митови за Homo neanderthalensis.
Еднаш гледани како брутални, гласни и полу-луѓе, сега се знае дека Неандерталците имале мозоци колку и нашите и своја сопствена култура. Ги закопувале своите мртви, се грижеле за старите…Тука обрнуваме внимание на 10 постојани митови за Homo neanderthalensis.
10. Недостиг од говор
Мит: Неандреталците неможеле да зборуваат, тие грофтале
Долго се веруваше дека Неандреталците неможеле да зборуваат како луѓето – имајќи ја само основната способност за звук во нивните грла, но во 1983, научници пронашле Неандреталска hyoid коска во пештера во Израел, (hyoid коската е дел од вокален механизам) која била идентична со таа на модерниот човек. Ова значи дека нивната способност за говор (барем физички) била иста со нашата. Нема причина да се верува дека тие немале основен систем на вокална комуникација.
9. Наши предци
Мит: Човекот е потомок од Неандреталците
Всушност, Неандеталците и модерните луѓе постоеле во исто време, како две различни групи. Неодамнешните ДНК испитувања покажале дека Неандреталците имале одредена еволуциска линија – линија која завршила исто како и тие, мртва, пред околу 30.000 години. Исчезнувањето на Неандерталците најверојатно било предизвикано од помалата стапка на раѓање, а повисока стапка на умирање – во комбинација со многу нестабилна клима.
8. Многу коса
Мит: Неандерталците биле влакнести
Апсолутно нема никаква причина да се верува дека Неандерталците биле повлакнести од модерниот човек. Компјутерските модели покажале дека ако Неандерталците имале повеќе влакна ќе се создадело поголема продукција на пот која се се замрзнела на нив, потенцијално доведувајќи ги до смрт.
7. Боздогани
Мит: Неандерталците користеле само боздогани како оружје
Всушност, Неандерталците имале многу високо развиени оружја и алати – како копјата за убивање мамути и камените алати. Многу од тие алати биле многу остри. Истотака има и добри докази дека користеле многу дрво, работи кои никако неможеле да се зачуваат до денес.
6. Свиткани
Мит: Неандерталците имале свиткани колена и оделе како шимпанза
Ова е еден од тие несреќни случаи кога откритието довело до многу конфузија. Скелет на Неандерталец бил откриен на почетокот на 20 век, имал свиткани колена што довело до популарното верување дека сите Неандерталци имале. Всушност, се открило дека скелетот страдал од артиритис. Неандерталците оделе исправено на ист начин како и модерниот човек, биле само 12 до 14 цм пониски од модерниот човек, спротивно на верувањето дека биле „многу ниски“.
5. Дивјаци
Мит: Неандерталците биле дивјаци
Има многу докази кои покажуваат дека Неандерталците се грижеле за своите болни и стари во заедниците. Има фосилни докази кои покажуваат смртно опасни повреди кои биле комплетно излечени, индицирајќи на тоа дека повредениот бил згрижен и негуван од друг член од неговата група. Исто така, има и докази (преку фосилизирани музички инструменти) дека Неандерталците уживале и свиреле музика.
4. Етнички исти
Мит: Неандерталците биле етнички еднакви
Бидејќи користиме еден термин за да ги опишеме сите Неандерталци, се насочуваме да мислиме дека биле една група на луѓе – делејќи исти навики и особини, но многу е веројатно дека и кај нив имало различлни етноси – како и кај луѓето. Неодамнешна студија покажа дека кај нив веројатно имало 3 групи: една во западна Европа; втората во Јужната област и третата во западна Азија.
3. Пештерски луѓе
Мит: Неандерталците живееле во пештери
Ок – ова е донекаде точно, некои Неандерталци живееле во пештери („пештерски луѓе“), но повеќетто од нив живееле во бараки, изградени од гранки и коски од мамут, покриени со животинска кожа. Овие бараки се користеле долги години, па затоа ги граделе внимателно. Големи карпи биле ставени околу бараката, за да помогнат да остане споена.
2. Лица како мајмуни
Мит: Неандерталците имале лица како мајмуни
Ова недоразбирање потекнува од слаба реконструкција од големи скелети. Во 1983, Jay Matternes (форензичарски уметник кои прави черепи за истражувањата за убиство) направил реконструкција на неандерталски череп. Резултатот е фотографијата погоре. Јасно објаснува дека Неандерталците изгледале како нас. Ако го видите овој човек на улица со костим, нема ништо да помислите за него. Истото важи и за другите реконструирани фотографии од листава.
1. Неодговорени прашања
Мит: Има одредени прашања за физичките особини на Неандерталците кои никогаш нема да ги знаеме
До 2009, целосен неандерталски геном бил мапиран. Најважното од тоа е дека – сега технички е можно да клонираме Неандерталец – да го вратиме од мртвите, да речеме. Ова чини 30 милиони долари и до сега никој не дава пари. Има етички прашања кои секогаш ќе бидат тука кога ќе се спомне клонирањето, па и тоа е пречка. Но нема причина да не веруваме дека еден ден – ќе се роди и ќе одгледуваме Неандерталец (или барем нешто најслично на него).