Секоја професија со себе носи специфични опасности. И иако работењето во затворен простор, понекогаш дури и облечени во бел мантил, не звучи како некоја многу опасна работа, работењето со ретки хемикалии и радијација сигурно е. Еве неколку луѓе кои го дале својот живот експериментирајќи со технологии кои денес се секојдневни појави.
Набрзо по смртта на нејзината мајка, Елизабет Ашејм се венчала со нејзиниот доктор, доктор Вулф. Тој бил многу заинтересиран за, во тоа време, новото откритие рентген зраци. Елизабет дури и ја напуштила својата постојана работа како сметководител за да му помага на нејзиниот сопруг со неговите експерименти. Тие купиле рентген машина и ја направиле првата лабараторија за рентгенски зраци во Сан Франциско. За жал тие не знаеле за последиците од рентген зраците и се користеле себе како експериментални субјекти. Елизабет Ашејм умрела од рак поради недоволната заштита.
Луис Слотин
Луис Слотин работел на Проектот Менхетен, од кој излегла првата атомска бомба. Додека работел на проектот Луис имал мала несреќа во која една берилиумска сфера му паднала врз друга, по што настанала критична реакција. Останатите научници во просторијата рекле дека виделе „син сјај“ предизвикан од јонизирањето на воздухот и почувствувале топлотен бран. За жал, дозата на радијација која ја добил Луис Слотин била еквивалент на онаа што би ја добил ако стоел на 1400 метри од експлозија на атомска бомба. Тој веднаш бил префрлен во болница, каде што умрел по девет дена.
Ото Лилиентал, или како што бил попознат Крал на Едрилиците, бил пионер на човечкиот лет, и прв човек кој имал неколку успешни летови со едрилици. Негови фотографии можеле да се сретнат во сите весници и магазини, што помогнало да се убеди народот дека човекот сепак може да лета. За време на лет во 1896 година, Лилиентал добил фрактури на ’рбетниот столб откако паднал од висина од 17 метри. Неговите последни зборови биле „Мали жртви мора да бидат направени!“
Општо познат факт е дека Марија и нејзиниот сопруг Пјер во 1898 година го откриле радиумот. Тие подоцна почнале да го истражуваат елементот и неговите потенцијални употреби. За жал, и покрај придобивките, Марија Кири открила дека постојаната изложеност на радијација води кон здравствени проблеми. Таа умрела од леукемија во 1934 година.
Џон Годфри Пари-Томас бил велшки мотоциклист и инеженер. Негова животна желба била да го скрши копнениот брзински рекорд поставен од Малколм Кембел. Со таа цел пред себе тој создал абтомобил кој го именувал Бабс. Неговата животна желба била остварена, неговиот нов рекорд опстојал цела година, кога повторно бил скршен од Кембел. Кога се обидол повторно да постави нов рекорд, еден од синџирите во автомобилот се откачил и го удрил во вратот, делумно отсекувајќи му ја главата.
Во потрага по вечна младост, Александар Богданов започнал да експериментира со трансфузија на крв. Тој направил трансфузија врз себе, по што тврдел дека го забрел губењето на коса и дека видот му бил подобрен. Но, тој заборавил да ја тестира крвта од донаторот, која била заразена со маларија и туберколоза. Тој умрел како последица на овие болести.
Жан Франсоа де Розие бил учител по физика и хемија. Откако бил сведок на првиот лет со балон, кај него се родила страст кон летање. Тој бил првиот човек кој се искачил на висина од 914 метри во балон, но не запрел таму. Тој имал намера да го прелета Ламанш, од Англија кон Франција со балон. За жал, кога стигнал на висина од 457 метри, балонот го изгубил целиот воздух и паднал во Англија.
Карл Шеле бил одличен фармацевт кој открил голем број хемиски елементи: кислород, хлор, тунгстен, манган и молибден. Но, тој имал лоша навика да ги вкусува своите откритија. Неверојатно, но вистинито, тој успеал да преживее кога го тестирал вкусот на водород-цијанид. Сепак, неговата среќа го напуштила, и тој умрел од труење откако го пробувал вкусот на жива.
Хенри Винстенли е човекот кој го измислил Едистон светилникот. Тој имал голема верба во неговиот изум, па побарал да биде внатре во светилникот за време на бура. За жал, светилникот не ги издржал ударите од брановите и се срушил, покрај Винстенли, во несреќата умреле уште пет луѓе.