Теориите на заговор се родија во Америка и срамежливо започнаа да се шират кон остатокот од светот, некаде во средината на минатиот век. Денес, со посредство на неговото височество – интернетот, теориите на заговор станаа глобален феномен. Речиси и не постои место во светот каде што не живее некој од зависиниците од овие модерни бајки.
Теориите на заговор се родија во Америка и срамежливо започнаа да се шират кон остатокот од светот, некаде во средината на минатиот век. Денес, со посредство на неговото височество – интернетот, теориите на заговор станаа глобален феномен. Речиси и не постои место во светот каде што не живее некој од зависиниците од овие модерни бајки.
1. Кристалите кои се формираат зад авионите, а кои настануваат како резултат на испуштањето на отпадните материи и водената пара всушност содржат неидентификуван биолошки агенс кој владата намерно го испушта. Целта на ваквата постапка не е откриена од страна на поддржувачите на теоријата, но важно е дека истите веруваат оти тоа е така.
2. ХИВ вирусот бил лабораториски создаден во 1974 година, од страна на СЗО, со цел да се намали бројот на населението. Друга верзија на истата забегана теорија вели оти ЦИА и КГБ го изработиле заеднички овој проект и успешно го тестирале во Африка.
3. Близу Атланта, Џорџија, постои отворено складиште во кое, на виделина лежат преку половина милион пластични мртовечки сандаци. Теоретичарите тврдат дека тие сандаци (и ним сличните низ Америка), како и неколкуте концентрациони кампови кои владата ги има изградено, ќе се искористат за воведување полициска држава, а како изговор ќе се користи големата финансиска криза.
6. Подметнувањето бомби во станбените комплекси во Москва било извршено од ФСБ (наследниците на КГБ), за да се оправда новата руска инвазија на Чеченија.
7. Пол МекКартни е мртов. Во 1966 година умрел во сообраќајна несреќа, но веднаш бил заменет од двојник кој неверојатно наликува на него, па дури и звучи речиси идентично. Теоретичарите велат дека постојат едно чудо извори кои го потврдуваат ова, а најсилниот аргумент е дека само Пол е бос и чекорот му е несинхронизиран со останатите на обвивката од албумот Abbey Road.
8. Шекспир бил некој друг! Делата што му се припишуваат на Шекспир се напишани или од Францис Бекон, Кристофер Марлоу, Вилијам Стенли или Едвард де Вер. Заговорниците тврдат дека не постојат докази дека актерот со име Вилијам Шекспир би можел да стои зад сите тие драми.