10 највалкани градови во светот

највалкани градовиГрадски живот, сè е блиску, сите јавни сервиси се лесно достапни, има многу ресторани, барови и места за дружење… И секако илјадници луѓе кои фрлаат тони отпад, секој ден. Повеќето градови успеваат успешно да се справат со отпадот, но некои едноставно не можат. Еве десет градови кои луѓето опседнати со чистота треба да ги избегнуваат.

Градски живот, сè е блиску, сите јавни сервиси се лесно достапни, има многу ресторани, барови и места за дружење… И секако илјадници луѓе кои фрлаат тони отпад, секој ден. Повеќето градови успеваат успешно да се справат со отпадот, но некои едноставно не можат. Еве десет градови кои луѓето опседнати со чистота треба да ги избегнуваат.

највалкани градовиМумбаи, Индија

Мумбаи може да е светскиот главен град на ѓубрето, што и се очекува со оглед на пренаселеноста. Секоја јавна служба, од железниците до патиштата е на раб на попуштање. Што и не би било голем проблем, доколку и градскиот одвод страда од истите маки, а Мумбаи се наоѓа во регион на монсуни. Понесете си гумени чизми или ако можете костум за чистење токсични материи.

највалкани градовиСиудад Хуарез, Мексико

Поголемиот дел од Мексико е всушност многу убав. Да, државата може не е најбогатата на светот, но народот ја одржува природата и градовите чисти. Но, за жал, Мексико има сериозен проблем со нарко картелите, поради кои некои градови се, во најмала рака, „интересни“.

Најинтересниот од сите е Сиудад Хуарез, град кој во основа е под контрола на криминалци. Епа на криминалците не им е важно градот да биде чист и да нема дупки по улиците, што е иронично со оглед на тоа што сите нарко босови се возат наоколу во скапи коли.

највалкани градовиПитсбург, САД

Од проблеми со отпад не страдаат само сиромашни држави, и Питсбург е совршен пример. Од сите 50 американски држави, воздухот во Питсбург е со најлош квалитет. Причина за тоа се цврстите материи (саѓи) кои излегуваат од автомобилите, сè што работи на јаглен, и локалната индустрија за челик.

највалкани градовиНорлиск, Русија

Норлиск има богата историја, како логор за принудна работа. Но, иако градот повеќе не е логор, ситуацијата е влошена. Загадувањето е нормално кога главното производство во градот е ископување и рафинирање на метали.

Норлиск сепак успева да ги надмине сите други и во загадувањето, 4 милиони тони метална прав се исфрлаат во воздухот секоја година, со состојки како кадмиум и арсен. Воздухот е толку лош што во градот не растат дрва, но русите кои живеат во градот немаат проблеми.

највалкани градовиЛинфен, Кина

Кинезите не се многу познати по заштита на природата, што значи дека кога кинеската влада вели дека градот има висок степен на загадување, тогаш дефинитивно постои проблем. Поголемиот дел од кинеската индустрија функционира на јаглен, и најголемиот дел од тој јаглен доаѓа од Линфен. Јагленот се ископува и се гори во Линфен, и воздухот е толку загаден што ако обесите облека да се суши надвор, таа ќе поцрни.

највалкани градовиЛос Анџелес, САД

Питсбург не е единствениот град од САД на оваа листа. Никако не смее да се испушти и Лос Анџелес. Зошто ако Питсбург има полош воздух? Зашто воздухот во Лос Анџелес има многу непријатни гасови, а не ситни честички како оној во Питсбург. Воздухот во Лос Анџелес содржи озон, што е добар гас додека е во озонската обвивка, но има тенденција да уништува бели дробови.

највалкани градовиЛа Ороја, Перу

Оловото не е пријатен метал. Да, може да не заштити од радијација, но освен тоа нема ни една друга корисна карактеристика. Тоа се лошите вести за Ла Ороја, чија главна индустрија е топење олово.

Топилницата во Ла Ороја работи постојано уште од 1922 година, и воздухот, водата и почвата се толку заситени со олово што 99 проценти од локалните деца имаат трипати поголема количина во организмот од онаа дозволената. И, за жал, нема ни пари, ни ресурси за да се исчисти околината, што значи дека овој проблем ќе трае со векови.

највалкани градовиМексико Сити, Мексико

Проблемот на Мексико Сити не се регулативите, или нарко картели, ниту пак компании, туку географијата. Во градот има многу луѓе, кои возат многу автомобили, што значи многу издувни гасови. За жал, Мексико Сити е сместен во долина, и се наоѓа на околу 2,5 километри надморска височина. Ова значи дека воздухот е редок а ветровите слаби, па сè што се меша со воздухот над градот, останува таму.

највалкани градовиПерник, Бугарија

Во Бугарија многу луѓе се греат на јаглен за време на долгите зими, а и сè уште има голем број на возила од Советскиот Сојуз кои немаат ни појаси, а не па направи за намалување на загадувањето како каталитички конвертори. Но во овој бугарски енергетскиот центар, автомобилите не се најголем проблем, покрај рудникот за јаглен, тука е сместена и успешна металопреработувачка индустрија.

највалкани градовиВапи, Индија

Вапи е активен индустриски центар. За жал, поголемиот дел од фабриките кои функционираат тука се од хемиската индустрија. Оној мал дел што не спаѓа во хемиската индустрија се станици за прочистување на вода кои се обидуваат да ја намалат количината на хемикалии во водата. Поради тоа, Вапи е малку валкан, водата, почвата и воздухот се заситени со работи што не би сакале да ги дишете, пиете или јадете. Дополнителен проблем се и околу 120000 жители.

- Реклама -