Оваа топ листа на најсексапилни фудбалски дресови за 2009 година не е направена според боите, дезенот или пак квалитетот на дресовите. Единствениот критериум беа моделите кои ја промовираа опремата. Погледнете и уживајте!
Оваа топ листа на најсексапилни фудбалски дресови за 2009 година не е направена според боите, дезенот или пак квалитетот на дресовите. Единствениот критериум беа моделите кои ја промовираа опремата. Погледнете и уживајте!
10. Фигуиренсе, Бразил
Промотор на дресот од бразилскиот тим беше моделот Елен Рош.
9. Ливингстон, Шкотска
Во Шкотска отсекогаш важи правилото дека најважен е домашниот талент. Токму затоа за промоција на дресот на Ливингстон била поканета Ешли Браун, мис Западен Лотиан.
8. Олдам Атлетик, Англија
Веројатно нема да најдете ништо секси за Олдам Атлетик… секако, освен моделот што го промовира нивниот гостински дрес.
7. Палмеирас, Бразил
При промоцијата на новите дресови, челниците на бразилскиот клуб Палмеирас се загрижиле дека нивниот најдобар напаѓач со својот детинест изглед нема да ја поттикне продажбата на дресови, па веднаш повикале 2 локални манекенки за да помогнат. Стратегијата била повеќе од успешна.
6. Репрезентацијата на Панама
Панама никогаш немале некои позначителни резултати во фудбалскиот свет, но сепак успешно продадоа голем број дресови, благодарение на моделот кој го промовираше.
5. Расинг Сантандер, Шпанија
Стратегијата на Расинг Сантандер беше очигледна – колку повеќе, толку подобро.
4. Спорт клуб Интернационал, Бразил
Интернационал во 2009 година извадија дрес со златна боја, како прослава на 100 годишнината од постоењето на клубот. Сепак, се чини дека големата продажба се должи најмногу на овој нов играч со број 10.
3. Линфилд, Северна Ирска
Луси Еванџелиста е поранешна мис Северна Ирска и голем навивач на Линфилд и нивен постојан промотор. Останува нејасно дали играчите ќе бидат задоволни со новиот избор на шорцеви.
2. Стандард Лиеж, Белгија
Стандард Лиеж во последно време има многу проблеми со играчите, менаџерите, играта, но никогаш со наоѓањето модели за промоција на дресовите.
1. Клуб Атлетико Велез Сарсфилд, Аргентина
Се чини дека аргентинскиот клуб сезонава инвестирал повеќе во модели што ќе ги промовираат дресовите, отколку во играчи кои ќе играат фудбал. Но, кој ќе се пожали за ваквата постапка?