Сонот за вечен живот, како што може да се види од легендите, митовите, литературата и филмовите е стар, и доста популарен кај луѓето. И иако просечниот животен век е трипати подолг од пред две-три илјади години, ние сè уште не сме задоволни, па постојано сме фасцинирани од ликови кои никогаш не умираат. Од Титон до Доријан Греј и Хајлендер, ова се десетте најпознати бесмртници.
Сонот за вечен живот, како што може да се види од легендите, митовите, литературата и филмовите е стар, и доста популарен кај луѓето. И иако просечниот животен век е трипати подолг од пред две-три илјади години, ние сè уште не сме задоволни, па постојано сме фасцинирани од ликови кои никогаш не умираат. Од Титон до Доријан Греј и Хајлендер, ова се десетте најпознати бесмртници.
Петар Пан
Познатото момче кое никогаш не пораснува (ни па старее), туку сака да се дружи со самовили и да се бори против еднораки пирати на магичниот остров Недојдија.
Дракула
Ако многу очајно сакате да живеете засекогаш, можете да пробате да го најдете Дракула за да ве гризне, а ако не го најдете него, побарајте некој од неговите слуги вампири. Но тогаш ќе мора да избегнувате медитеранска храна и сонце, да пиете крв и да спиете во ковчег.
Лазарус Лонг
Лазарус Лонг е лик кој се појавува во повеќе научно фантастични романи на Роберт Хеинлин. Неговата долговечност е резултат на програма за селективно размножување и повремени промени на крвта. Лазарус е 2000 години стар, тој патува до далечни планети и, низ времето, ја има работено секоја можна работа, од доктор до роб.
Николас Фламел
Во „Хари Потер и каменот на мудроста“, Николас Фламел е добар пријател на директорот на „Хогвортс“, Албус Дамбелдор. Авторот на книгата има изјавено дека го базирала Фламел на француски алхемичар од петнаесетиот век кој, според легендите, успеал да претвори олово во злато, и создал еликсир за вечен живот.
Титон
Кога божицата Еос побарала од Зевс да му даде вечен живот на нејзиниот љубовник Титон, заборавила да побара и вечна младост. Титон живеел вечно, но станал стар и слаб и вечно молел да умре. Во некои приказни, Титон на крајот бил претворен во штурец.
Доријан Греј
Лик на Оскар Вајлд кој останува млад и убав додека неговиот портрет старее. Доријан полека станува обземен од зло, но неговите злодела и вистинската старост се прикажуваат само на лицето на сликата, кое станува се помонструозно и исушено.
Хајлендер
Во филмот „Хајлендер“ од 1986 година, Конор Маклеод е член на бесмртниците, мистериозна раса чии претставници умираат само кога ќе им биде отсечена главата. Бесмртниците мора да се борат меѓу себе, сè додека не остане само еден кој ќе ја добие Наградата: способноста да умре како сите други.
Витезот со гралот
Метузалем
Метузалем е најстариот човек во Стариот Завет. Тој му е дедо на Ное. Метузалем станал татко на 187 годишна возраст, и доживеал до 969, кога умрел со сите други во потопот.
Арвен
Оваа девојка од „Господар на Прстените“ на Толкин, се откажува од својата бесмртност за да се омажи со својот љубен, Арагорн, кралот на Гондор. Арвен умира брзо по Арагорн, на возраст од 2901 година.