10 најопасни професии во светот (видеа)

Повеќе...Колку и да ви изгледа лоша и опасна вашата професија, ако не се наоѓа на оваа листа, тогаш веројатно немате гајле. Овие професии, за кои секојдневно слушаме и кои индиректно се повразни со нашиот живот, всушност се меѓу најопасните професии во светот.

Колку и да ви изгледа лоша и опасна вашата професија, ако не се наоѓа на оваа листа, тогаш веројатно немате гајле. Овие професии, за кои секојдневно слушаме и кои индиректно се повразни со нашиот живот, всушност се меѓу најопасните професии во светот.

Чистач на прозорци во Дубаи
a97224_g151_1-window-cleaner

За да бидете чистач на прозорци во Дубаи, ви требаат челични нерви. Кога овој работник забележал дамка на прозорецот од хотелот, тој едноставно морал да се искачи до него и да го „забрише“. Нема ништо лошо во тоа – освен фактот што апартманот е на 34 кат. Тој се качувал по рабовите од прозорците, држејќи се за рамката, само за да ја избрише дамката. И така, ризикувајќи си го животот, додека ја извршува својата задача, мора со врвовите од своите прсти да се држи за рамката од прозорецот. Без шлем, без заштитни јажиња, без ништо – тој мора да го брише прозорецот сѐ додека гостинот не е задоволен. Иако работниците емигранти во Дубаи работат во многу лоши и опасни услови, сепак немаат никаков глас. Иако нивните услови се тема на дискусија во Арапските Емирати многу години, тие знаат дека ако ја одбијат работата ќе бидат депортирани и други ќе ги заземат нивните места.

Хеликоптерски поставувачи на кабли
a97224_g151_2-lineman

Кога првпат ќе ја видите оваа фотографија на која типот виси на електричните кабли, можеби ќе помислите дека е создадена со фотошоп. Но, овие хеликоптерски поставувачи на кабли се вистински и извршуваат многу опасна и специфична работа: само неколкумина се обучени за овој тип на работа. Колку и да звучи неверојатно, високоволтажните кабли можат да се фаќаат и со голи раце, а монтажерот мора да биде изолиран од површината или со изолирана кошница или со друг метод. Монтажерот е облечен во специјална спроведлива облека, која е споена со кабелот, па така и монтажерот и кабелот имаат ист потенцијал, овозможувајќи сигурна работа. Овој метод на работа обично се користи за ниско волтажни дистрибуциони системи, како што се во Велика Британија – и сите вакви монтажери мораат да поминат низ специјална обука.

{youtube}6_NEAEGeFIw{/youtube}


Борци со крокодили
a97224_g151_3-cocodrile-wrestler

Здодевниот ден поминат во канцеларија и можеби нема да ви изгледа толку лош, откако ќе ги видите овие фотографии. Колку и да е лош вашиот шеф, барем не си ја ризикувате главата и раката со пикање во устата на крокодилот. Но, токму тоа го прават борците со крокодили во Тајландската зоолошка градина – и тоа секојдневно. Точката која овие луѓе ја изведуваат може да се смета за најопасната работа во светот. За време на долгата точка, која се изведува уште од 1985, тие си ја ставаат главата во устата на најголемите крокодили во зоолошката во стилот на Краи Тонг – легендарен тајландски крокодилски ловец.

Дресери на лавови
a97224_g151_4-lion-trainer

Ова видео е од Лас Вегас, од MGM Grand хотелот. Во него се снимени двата лава – мажјак и женка, со нивните двајца дресери. Одеднаш – лавот почнува да беснее.  Како што борбата со него продолжува, женката исто така решава да се приклучи.. Но, дресерот сепак успева да се ослободи, со помош на неговиот колега и да побегне од кафезот, во кој лавот сѐ уште беснее. Нема доказ за тоа дали имало крв, но дресерот имаше големи болки по нападот. Но, стаклото кое е изолирано од звук ги пригуши сите звуци. Сепак, дресерот имал среќа што мажјакот го нападнал прв – бидејќи женките се многу поопасни и поагресивни.

{youtube}gW_x-2MXrkI{/youtube}

Рудари
a97224_g151_5-chilean-minners

Гилберто Анголус нема потреба да каже ништо за неговото 30 годишно искуство во рудниците во Чиле. Неговото скршено тело кажува сѐ што е потребно. Голема лузна на неговото чело. Метална плочка во неговата подлактица. Коска која никогаш не заздравила во неговото лево рамо. Сето ова е последица на рударска експлозија која за малку ќе го убиела, но наместо тоа го оставила цела година во болница. Штетата кај овој рудар ќе биде вечна. Исто како кај 33-те рудари кои поминаа околу 70 дена во рудниците на Чиле. Макар што таа приказна заврши со среќен крај, сепак тоа беше последица на лошите услови на рударската компанија San Esteban Mining Co. Во овој рудник многу рудари се имаат стекнато со тешки повреди. Во 2007 еден геолог загина во истиот – но и покрај многуте советувања тој да се затвори – рудникот сѐ уште работи. Од 2000 година, 374 рудари се починати додека си ја извршувале својата работа во Чиле.

Девојки – мети
a97224_g151_6-target-girl

Овие девојки најчесто ги гледаме во циркусите, каде што му асистираат на вештиот фрлач на ножеви. Асистентката стои пред него, на движечка табла со мети, додека фрлачот ги погодува метите, но не и неа. Присуството на асистентката ја прави оваа точка поопасна, бидејќи има човечки фактор, додека пак без неа, би била само точка каде што фрлачот ја покажува својата прецизност. Но, овие девојки исто така се потенцијални мети, со можност за големи повреди.

Дрвосечачи
a97224_g151_7-logger

Дрвосечач е стара професија. Но, исто така и многу опасна. Најголемата опасност, според Роџер Смит, дрвосечач од Вашингтон, е: „Планинските врвови кои понекогаш се 70, 80 степени со камења и дрвја што се лизгаат. Поголем дел од времето, сечете 70 – 80 стари дрвја, од кои не знаете што и како да очекувате. Исто така, во старите шуми има гранки кои паѓаат веднаш кога го сечете дрвото и кои знаат да бидат смртоносни“. Дури и откако дрвото ќе биде исечено, тоа треба да биде натоварено – а и таа работа е многу ризична.

Риболовци
a97224_g151_9-fisherman

Само во 2008, од 100000 луѓе кои се вработени во оваа индустрија, имало 129 смртни случаи и 61 повредени. Оваа статистика ја прави риболовната индустрија една од најопасните професии во светот. Шоуто Deadliest Catch, кое се прикажува на телевизиската мрежа Discovery, покажува вистински ловци на ракови во Беринговото Море. Тие за да заработат за живот, работа многу часови на море, 7 дена во неделата, многу често во мрак. Ако не успеат да ја завршат планирана работа, тие можат да останат без својот годишен приход. Ледените води и замрзнатите бродски палуби можат да доведат до страшни несреќи, а бурите дури и можат да ги превртат малите бротчиња, понекогаш со тешки последици на целиот екипаж.

Деминери
a97224_g151_8-deminer

Деминирањето или чистење на мини е онеспосубување или отстранување на земјени и бродски мини. Рачното деминирање сѐ уште е најдобриот метод, бидејќи се докажало дека машините за деминирање можат да онеспособат само 80% од мините, додека пак рачното деминирање има успешност од 99.6%. Но, оваа работа е многу опасна. Оваа професија резултирала со најмалку 500 смтрни случаи од 1996 до 2002 година.

Градежни работници
a97224_g151_10-construction

Ова се луѓето кои стојат зад големите конструкции, односно зградите во кои се наоѓаат вашите канцеларии. Синдикатите на градежни работници тврдат дека смртните случаи во градежништвото се последица на слабите услови за работа, кои ги нудат работодавците, со цел да се смалат нивните трошоци. Најчестата причина, според нив, се паѓањата.

- Реклама -