10 најлоши професии во светот

jpg_copy_copy_copy_copy_copyДали сте од тие кои постојано се жалат од нивната работа, мислејќи дека е најлоша во светот? Верувајте ни – каква и да е, не е најлоша. Погледнете го овој список од 10 НАВИСТИНА лоши професии. Веруваме дека после ова, повеќе ќе си ја цените својата.


Дали сте од тие кои постојано се жалат од нивната работа, мислејќи дека е најлоша во светот? Верувајте ни – каква и да е, не е најлоша. Погледнете го овој список од 10 НАВИСТИНА лоши професии. Веруваме дека после ова, повеќе ќе си ја цените својата.


Чистач во порно кино
cistac_vo_pornokino

Чистач, само по себе, е прилично лоша работа. Но, чистач во порно кино? Е таа работа е прва на нашиот список. Главната обрвска на еден чистач во порно кино е да ја земе својата крпа и да ја исчисти салата по секое прикажување. За разлика од традиционалното кино, можеме да замислиме дека тоа лепливото на седиштето веројатно НЕ Е истурена кока-кола! Но, барем можете да гледате порно за џабе и најверојатно ќе бидете најпопуларни во (машко)друштво, иако за вашата работа нема да сакате да зборувате со вашата сопруга или мајка.

Чувар во Бакингемската палата
cuvar_vo_bakingem

Должноста за чување на Бакингемската палата се смета за една од најлошите работи во Британската армија. Покрај тоа што мора да стојат со часови, a смеењето е забрането, тие исто така мора и да изгледаат најдобро што можат. Војниците поминуваат неколку часа секој ден чистејќи ги и пеглајќи ги своите униформи и полирајќи ги своите чизми. Тие мора да го направат сето ова за да ја поминат инспекцијата која секојдневно поминува пред нивните позиции во Бакингемската палата. Секој војник кој ќе помине лошо на таа инспекција, ќе се соочи со бројни казни, како на пример, додатно време стоејќи.

Мастурбатор на животни
masturbator_na_zivotni

Истражувачите кои сакаат животинска сперма за истражување на плодноста имаа неколку опции како да ја добијат: можат да стават електрична сонда во ректумот на животното, да стават вештачка вагина на пенисот на животното, или на старомодниот начин: рачно. За третата опција потребно е животното да биде тренирано за процедурата. Потребно: туба од латекс намачкана со топол лубрикант – и најчесто се користи за добивање на сперма од бикови, за едни од најопасните говеда. Животното се качува (не по своја волја) на нешто како платформа наменета за тоа, тогаш храбриот техничар со тубата во рака се поставува под животното и вешто го позиционира пенисот на бикот во тубата, божемната гениталија. Тројца додатни техничари се обидуваат да ја осигурат безбедноста на техничарот со влечење на јажиња поставени на прстенот кој е на носот на бикот. Но дури ни вака техничарот не е баш безбеден: секој кој ја држел тубата во рака бил подложен на несреќа, а и повеќе од неколкуминна завршиле во болница. Ова се врши и на свињите, кои исто така се качуваат на платформа и техничарот со гумена ракавица си ја работи „својата работа“. Треба ли да кажеме дека со свињите е многу побезбедно?

Чистач на одводни канали

cistac_na_septicki_jami


Ramesh Sahu работи во санитарниот оддел на Калкута, чистејќи ги градските одводни канали. Описот на неговата работа: тој клечи на дното на шахтата, шлапкајќи се во вртолог од човечки измет и фекалии. Опремен со мотика и железен стап, а носејќи само лабави гаќи, Ramesh се обидува да го пренасочи темниот талог од затнатиот одвод во кофа која неговите колеги ја држат и сето тоа го истураат на патот најблизу. Потоа тие го дофатуваат Ramesh за раце и го извлекуваат, додека тој е целиот намачкан со кал, фекалии,…што не. Ramesh Sahu има 27 години, жена, три мали ќеркички – и месечна плата од 100 долари. Тој ја работи оваа работа последниве 10 години.

Бразилски истражувач на комарци
istrazuvac_na_komarci

Научниците кои се борат против маларијата мора и да ги научат навиките на комарците кои ја шират. Навиките на гризање, поточно. Во Бразил, тоа е Anopheles Darlingi, комарец кои е доволно паметен за да не падне во стапицата на истражувачите – овој мал неранимајко доаѓа до нив само кога тие самите се нудат како мамка. Рано навечер, кога комарците се најактивни, еден таков истражувач седнува во шатор-стапица за комарци, со отвор на дното. Комарците летаат ниско и остануваат заробени внатре, каде што научникот стои и ја жртвува својата кожа за медицината. Кога комарецот ќе посака вечера, научникот со цевка на устата го влече внатре во истата и потоа го испушта во специјален контејнер. Истражувачот Helge Zieler се става на мени двапати неделно. Во својата најдобра вечер, тој фатил 500 Anopheles за 3 часа. Во меѓувреме, нормално, другите комарци се гостеле со негото торзо – во просек 3.000 гриза, 17 на минута, за севкупно 180 минути. „Не е толку лошо“, вели тој, кажувајќи дека веќе се навикнал на ова и чешањето од гриз на комарец му трае само неколку минути.

Чистач на преносливи тоалети
cistac_na_prenosni_toaleti

Оваа работа е нешто како мешавина од колекционер на ѓубре и гастроентерологист, и е поодвратна од двете заедно. Иако повеќето луѓе во учтиво опкружување избегнуваат ситуации каде што ќе мораат да користат преносливи тоалети, сепак тие понекогаш знаат да ви го спасат животот. Колку и да се гнасни, ќе бидат уште погнасни без луѓето кои ги чистат. Користејќи голем сад и вакуумска палка, тие мораат да го исшмукаат сиот отпад во еден пренослив тоалет. Откога ќе го соберат сето тоа, заедно со користената тоалетна хартија, тие мора да го измијат дното, а и целата површина која може да е инфицирана, вклучувајќи ги и ѕидовите. Тука се користи црево со голем притисок. Обично, за да се исчисти еден ваков тоалет потребни се неколку минути, а работниците чистат од 10 до 60 во еден ден. Но не е секогаш толку лесно: за оние тоалети кои се превртеле потребно е малку повеќе време, како и контрола на направената штета. Но, работниците издржуваат и носат дома 50.000 долари годишно.

Испитувач на издувни ароми (смрдеи)
sudija

Испитувачите на издувни ароми се чести во лабораториите каде што се произведува средства за плакнење на устата. Таму тие дишат и мирисаат здив, кој е насочен директно кон нивното лице, за да се испита ефикасноста на продуктот. Но, гастроентерологистот Michael Levitt ја издигна оваа работа на друго ниво, или – на друг крај. Levitt плати двајца храбри момци непрекинато да се впуштаат во мирисите (смрдеите) на прдежите на другите луѓе. 16 здрави луѓе волонтираа да јадат грав и да стават мали пластични цевки во нивните ануси. После секое „испуштање на ветар“, Levitt го заробуваше гасот во посебен контенјер, одржувајќи ја неговата смрдеа. Задачата на испитувачите беше да седнат со најмалку 100 примероци, да ги отвораат контејнерите еден по еден и да длабоко да ги вдишуваат. Додека патат од агонија, треба да оценат колку одвратна е смрдеата. Примероците беа и хемиски анализирани и еурека: Levitt откри дека најодвратната состојка на човечката смрдеа е хидроген сулфад (hydrogen sulfide).

Контролор на храна за мачки

kontrolor_za_hrana_na_macki

Британецот Jon Hanson ја има тоа што тој го нарекува: најлошата работа во неговиот живот – контролор на квалитетот на храна за мачки. Неговата работа вклучува неколку тестови. Прв тест: Пикни го лицето во голем сад со мачкина храна и мирисај ја, за да бидеш сигурен дека е свежа. Втор тест: Стави ги рацете во неа и пипкај ја, барајќи мали ситни парчиња, и извади ги надвор. Трет тест: Земи со лажица поголемо количество од храната, и расчепкај ја со прстите за да видиш колку р’скавица има во неа. Уггггх!

Отстранувач на животни убиени на пат
otstranuvac_na_delovi

Некако оваа професија сама си се објаснува, нели? Остранувачите на животни убиени на пат (како и нивните ситни мали делови) не само што мора да го прават тоа – тие мора да го прават тоа додека сè уште има сообраќај на патот.

Да бркаш мајмуни на сафари
brkac_na_majmuni_na_safari

Марин од Канада е вработен во сафари зоолошка. Тој обично се вози со автомобил од еден резерват до друг. Мајмуните СЕКОГАШ се качуваат на покривот од автомобилот, уживајќи во бесплатниот превоз. Барем малку. На излезот од мајмунскиот резерват стои работник во зоолошката опремен со стап. Неговата задача: да ги спречи мајмуните да излезат од резерватот. Замислете си да бркате мајмуни 8 часа на најжешкото сонце!

Иако ги имаат можеби најлошите работи во светот, сепак треба да им се даде признание на овие луѓе. И тие, како и ние, го прават тоа за да заработат за живеачка.
П.С. Дали сè уште мислите дека имате лоша работа?:)

- Реклама -