10 најидиотски диети во историјата!

МоделОпсесијата со слабеење не е болест на модерното општсетво, како што многумина мислат. Човечката потрага по „совршените пропорции“ постои речиси исто толку долго колку и самите луѓе. Но, не сите трагаат подеднакво умно. Следува листата на десетте најидиотски диети во историјата.

Опсесијата со слабеење не е болест на модерното општсетво, како што многумина мислат. Човечката потрага по „совршените пропорции“ постои речиси исто толку долго колку и самите луѓе. Но, не сите трагаат подеднакво умно. Следува листата на десетте најидиотски диети во историјата.

Анорексија10. Ништо освен алкохол

Вилијам Освојувачот бил кралот на Англија кој покрај територија имал навика да освојува и цели печени прасиња. По некое време, се сетил дека станал премногу дебел и посакал да ослабе. Неговата идеја – опијанување до смрт и потоа спиење додека не поминат ефектите од алкохолот. Имајте на ум дека во ова време тој бил задолжен за водење на државата! Диетата успеала, зашто за неколку недели, успеал да ја намали тежината доволно за да се качи на коњот. Се разбира, алкохолизмот кој го развил направил да биде пијан и кога се качил, по што паднал и умрел – ослабен.

9. Ништо освен свинско

Грчките атлети претставени на сите скулптури ги оформувале своите тела јадејќи само и единствено свинско месо кога се подготвувале за Олимписките игри. Оброците им се состоеле од парчиња месо помеѓу половина и еден килограм.

8. „Течната диета“ на Хорас Флечер

Стотина години во минатото, еден човек по име Хорас Флечер добил една глупава идеја и им ја продал на многумина – џвакање на храната до моментот кога таа ќе стане течна. Тој отишол и во екстреми, тврдејќи дека храна која не станува течна не треба да се конзумира. Но, знаете што никогаш не станува течно? Растителни влакна. Па, поради тоа, многу од „пациентите“ на Флечер се соочиле со болни запеци и покрај фактот што не конзумирале ништо освен течна хранаа.

7. Препивање со оцет

Старите Египќани најверојатно ја измислиле диетата за детоксикација. Тие произведувале една форма на оцет која се пиела кога телото ќе се наполнело со токсини. Пиеле од оцетот, а тоа предизвикувало повраќање и пролив, чии нус-појави вклучуваат и слабеење.

6. Ништо освен воздух

Ова е диета со која „пациентот“ се одржува во живот без храна, вода или што и да е друго освен воздух. Научно била докажана од никој! Една жена требало да го направи експериментот како дел од емисијата „60 минути“, но продуцентите се откажале откако сфатиле дека таа најверојатно ќе умре.

5. Оцет + вода

Во 19 век, Англичаните го зеле египетскиот пример и ја подобриле оцетната диета, додавајќи вода. Потоа, истата била популаризирана од Лорд Бајрон и преземена од неговите следбеници. Треба да се знае дека Бајрон страдал од анорексија и булимија, што би значело дека не треба да ја практикувате диетата, освен ако не сакате да бидете поет-манекен.

4. Грејпфрут диета

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

Во дваесеттите и триесеттите години од минатиот век, кога нештата станале опасни за струковите (и нивоата на инсулинот), луѓето одеднаш станале опседнати со слабеењето. Виновен за ова е филмскиот свет кој одеднаш експлодирал и наметнал нови стандарди. Тука некаде влегува диетата со грејпфрутите. Не се знае кој го измислил овој идиотизам, но истиот тврди дека сите нездрави (штетни) видови храна можат да се конзумираат ако тоа го правите заедно со грејпрфут. Небаре ова овошје е Кларк Кент меѓу овошјата и со еден телефонски повик ќе ги неутрализира сите штетни влијанија од храната.

3. Римските повраќачки оргии

Римјаните сакале оргии, сакале забава и добра храна. Но, многу често, се наоѓале во ситуација да се прејадат, а да ги немаат вкусено сите јадења кои се нуделе. Затоа оделе, повраќале и се враќале да уживаат во преостанатите јадења. Чуден народ…

2. Инуитската диета со месо и сало

Некој идиот во 1920 ги посетил Ескимите и се зачудил од тешките храни кои ги јадат, а истовремено од фактот што никој не е дебел. Па си извлекол брилијантен заклучок дека јадењето месо, риба и сало – и ништо друго! треба да ги направи луѓето слаби. На крајот останал со многу гневни и доздебелени луѓе, затоа што ја заборавил другата клучна ескимска состојка на диетата – температури под нулата кои бараат минимум 5 илјади калории дневно само за да не измрзнете до смрт!

1. „Пролин“ диета

Тажно е што убедливо најидиотската диета не ни доаѓа од илјадници години пред основањето на модерната медицина, туку од пред само неколку декади. Во седумдесеттите, д-р Роџер Лин напишал книга која станала бестселер, а која тврдела дека можете да останеете слаби (ако е потребно и да стигнете до тмау) само ако не конзумирате ништо освен пијалакот кој тој го продавал – Пролин. Она што многумина не го знаеле е дека густата течност се состоела од животински рогови, копита, кожа и прилично сите парчиња ѓубре што ги фрлаат од кланиците – убаво измешани и измелени, а потоа третирани со вештачки бои и ензими за да направат течност со еднаква текстура. Веројатно докторот знаел дека ако некој е доволно глупав да пие „Пролин“, тогаш несомнено нема ни да се сети дека огладнел.

- Реклама -