Ако немате инсталирано некоја апликација за уредување на фотографии на вашето PC, овие онлајн фото едитори се место каде можете брзо и лесно да ја промените големината, светлото или да додадете некој интересен ефект на вашите фотографии. Постојано се појавуваат нови апликации за онлајн уредување на фотографии за кои се тврди дека се најдоброто досега. Од мноштвото такви апликации еве десет кои се меѓу најдобрите, наједноставни за користење и со најдобри перформанси.
Ако немате инсталирано некоја апликација за уредување на фотографии на вашето PC, овие онлајн фото едитори се место каде можете брзо и лесно да ја промените големината, светлото или да додадете некој интересен ефект на вашите фотографии. Постојано се појавуваат нови апликации за онлајн уредување на фотографии за кои се тврди дека се најдоброто досега. Од мноштвото такви апликации еве десет кои се меѓу најдобрите, наједноставни за користење и со најдобри перформанси.
Picnik изгледа е најпопуларниот онлајн фото едитор во оваа листа. Не е потребно да знаете ништо за фото едитирање за да го користите Picnik. Има убав интерфејс, лесен за навигација и можеби најдобрата карактеристика е неговата интеграција со други Web2.0 апликации. Можете да преземате фотографии за уредување директно од повеќето веб страници како што се Flickr, Picasa Web Albums, Facebook, Photobucket или само со внесување на URL на фотографијата која сакате да ја едитирате.
Splashup или порано познат како Fauxto е веб базиран фото едитор кој многу наликува на десктоп апликација. Оние што навикнале да користат Photoshop тука ќе се чувствуваат како дома. Може да се внесуваат фотографии директно од PC -то, како и од популарните веб страници за споделување фотографии. Постои можност да се отвораат повеќе фотографии одеднаш во средината со табови. Го поддржува концептот за леери, како во Gimp и Photoshop. Исто така во Splashup можат да се импортираат слики од веб камера.
Релативно нов, овој онлајн фото едитор, за кратко време се здоби со голем број на фанови. Опишан како Photoshop во браузер, Pixlr успеа да воодушеви многумина. Недостасува опцијата за импортирање на фотографии од други фото базирани веб страници како што е flickr, но сеуште тоа може да се направи преку внесување на URL-то на фотографиите.
За разлика од претходно споменатите, Snipshot не е флеш базиран фото едитор – функционира преку Ajax. Затоа овој би требало да биде вашиот избор доколку немате флеш плагини на вашиот компјутер. Работи со голем број на различни формати: JPG, PNG, TIF, BMP, дури и PDF и форматот за Photoshop – PSD. Можете да внесите фотографии од вашиот компјутер, преку веб адреса и преку flickr.
Pixenate, или претходно познат како PXN8, е едноставна веб базирана алатка со прегледен и едноставен интерфејс, која ви дозволува да си играте со сите нејзини карактеристики и опции релативно полесно во споредба со останатите фото едитори.
Она што го прави Picture2Life да се разликува од другите е неговиот радикален дизајн. За разлика од класичните апликации за уредување на фотографии, со тулбари и голем број на копчиња, Picture2Life има дескриптивна табла поделена на четири делови за брзи подесувања (Quick Fixes), операции со еден клик (One Clicks) , All и Featured. Одбирајќи кој било од табовите ја заменувате страничната табела со нова која се состои од повеќе опции, како што се светлина, контраст, боја итн. Но, наместо да ги прикажува нив како копчиња, покажува како ќе изгледа фотографијата доколку се употреби тој ефект врз неа. Многу корисно и едноставно за употреба за оние кои се почетници.
LunaPic ќе им се допадне на оние кои сакаат да додадат интересни ефекти на нивните фотографии. Постои опција да се конвертираат фотографиите во анимирани GIF фајлови и неколку готови фенси анимирани ефекти кои можат да се додадат со еден клик. Ова е интересна опција за креирање фотографии за вашите профили на социјалните заедници како што се Facebook, MySpace и др.
Доколку сакате Picasa на вашиот браузер, тогаш треба да го пробате FotoFlexer. Опишан е како најмоќниот онлајн дигитален фото едитор кој постои.
Photoshop Express, од Adobe, освен што е уредувач на фотографии, може да се користи и за организирање и зачувување на фотографиите онлајн. Обезбедени ви се до 2 гигабајти онлајн простор и можност да креирате и да споделувате албуми со што се разликува од останатите вакви веб апликации.
Aviary е пакет од четири алатки, од кои една од нив е Phoenix – моќен фото едитор кој може да се каже дека е вистинска конкуренција на Photoshop. На веб страницата на Phoenix можат да се најдат многу видео туторијали преку кои можете да научите да креирате зачудувачки фото ефекти.