Многумина се обидуваат да најдат работа во странство, но некои навистина имаат чудни објаснувања во амбасадата. Издвоивме 10 необични барања за виза од целиот свет.
1.Човек од ЈАР запишал во формуларот за аплицирање за виза дека сака да оди во Романија за да работи како ловец на вампири.
2. Аплицирајќи за Британска виза, еден Бразилец се надевал дека ќе го донесе фламенгото на улиците на Норвич, каде што танцувањето фламенго прилично е невообичаено.
3. Русинка алицирала за Шенген виза, со цел да работи како проститутка во Холандија, каде што најстарата професија во светот е легална уште од 1830.
4. Државјанин на Мексико побарал виза за Шпанија, наведувајќи како причина дека сака да го прошири својот „мрачен“ бизнис во оваа земја, но откако амбасадата го открила неговото обемно криминално досие, барањето е одбиено.
5. Еден човек од Мали, во апликацијата за виза во Италија, навел дека е вешт во веслање, сакајќи да добие можност да работи како гондолиер.
6. Во апликацијата за виза за САД, еден Британец напишал дека работи како дегустатор на кучешка храна.
7. Жител на Филипини аплицирал за туристичка виза во Австралија, бидејќи бегал од локалните власти.
8. Французинка побарала виза во САД, надевајќи дека ќе изгради кариера како „модел за стопала.“
9. Една Британка пак во САД, сакала да најде сезонска работа како зомби.
10. Маж од Перу аплицирал за Шенген виза, за да работи како „стрижач на овци.“
За да не се најдете и вие на порталите низ целиот свет, ве советуваме да планирате разумна кариера во странство, како и да ги прочитате законите на земјата во која сакате да се преселите, пред да аплицирате за виза.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk