Има толку многу начини да си го зезнете животот, што моравме да издвоиме 10 најдобри од нив. Се надеваме дека барем малку ќе ве замислиме.
1.Зависности
Дали во прашање е храна, дрога или навика, доколку сте зависен од нив, тогаш тоа е лоша постапка. Игнорирање на зависноста е сигурен начин да си го уништите својот живот и животот на луѓето околу вас.
2. Сонувањето без акција
Сите ние сонуваме и имаме многу желби. Но доколку само сонуваме, без никогаш да превземеме акција да ги реализираме, тогаш тоа е трошење време. Не го оставајте вашиот сон само во мислите, направете нешто.
3.Избегнување на самоанализата
Од време на време, битно е да застанеме и да се замислиме. Прашајте се да ли сте на правиот пат или дали има некој проблем кој упорно го игнорирате. Самоанализата е битна за вас, а игнорирањето на вашите мисли е сигурен начин да си го упропастите животот.
4.Борбата со непријателите
Омразата ќе ви го уништи животот. Тоа е емоција која само вие ја чуствувате и која може да ви биде мотиватор во животот. Но тој мотив е погрешен и ќе ве натера да правите работи со погрешна причина. Во моментите кога некој ќе ве повреди или навреди, имајте ја контролата над емоциите, не дозволувајте да ви ја украдат.
5. Животот воден според претпоставки
Доколку повторувањето е мајка на знаењето, претпоставувањето е мајка на грешката. Претпоставката треба да ви биде појдовна точка а не крајна дестинација. Немојте да бидете кукавица, проверете ги фактите, вистината е секогаш поубава.
6.Неблагодарност
Оваа карактеристика ќе ви го направи животот мизерен и ситен. Никогаш нема да ги задржите луѓето околу вас, ниту пак ќе ги научите вистинските вредности во животот.
7.Критикување
Доколку цело време некој или нешто критикувате, многу бргу ќе им здосадите на луѓето. Вашиот негативен став ќе ја исуши љубовта околу вас и ќе останете сами. На крајот ќе се критикувате себе си.
8. Апстиненција од смеење
Немој да бидете од оние луѓе што не се смеат. Зошто би сакале да го живеете животот без среќа и радост? Смеењето е здравје, рекле старите.
9. Откажување
Кога поминувате низ пекол, немој да се откажете од одење. Само ако се откажете нема да го најдете крајот. На моменти се ви изгледа претешко и бесмислено, но тоа се само моменти. Кога ќе поминат, ќе се каете што не сте продолжиле понатаму.
10. Живот без љубов
Нема поубава емоција од љубовта. Доколку не ја дадете, нема да ја примите. Не ја отфрлајте љубовта само зошто се плашите да не бидете повредени. Љубовта е жртва исто како и животот.