10 модни парчиња кои им прилегаат на сите

Без оглед на модниот стил и вкус, постојат одредени парчиња облека и модни додатоци кои едноставно им прилегаат на сите, а освен тоа, тие се безвременски и одлично изгледаат во секоја прилика, и лесно се комбинираат во било кој моден стил. Затоа би требало да се најдат во секој женски орман.

 

Бела кошула

bela koshula
Класичната бела кошула секогаш делува свежо и елегантно, а може да се носи во различни комбинации. Одлично изгледа искомбинирана со женско одело и здолниште за работни состаноци, но и со фармерки за дневен изглед. Освен тоа, лесно може да помине и за вечерни излегувања.

 

Фустан на преклоп

haljinica-tex
Овој фустан навистина на секоја жена и прилега одлично, и одговара на секој облик на тело. Се што треба да направите е да ја одберете вистинската должина, најчесто онаа до коленици, а може и варијанта без ракави. Фустанот на преклоп ја покажува женската фигура во најдобро светло, а за секси изглед одберете го оној со поотворено деколте.

 

Мантил

baloner-narandzasti
Мантилот е една од најважните парчиња во секој женски плакар. Се носи неколку годишни времиња, а доаѓа во потемни и посветли верзии. Моментално се модерни оние на дупло закопчување со украсни ременчиња на ракавите и струкот. Одберете модерен во боја на песок или, пак, класичен црн, а доколку сакате да се разликувате, тука се мантилите во светли бои.

 

Црни високи потпетици

Christian-Louboutin-Suede-Pumps-Black-High-Heel-140mm_2
Малку парчиња се така секси како класичните црни високи потпетици. Се носат со безброј модни комбинации, од фармерки па до здолништа и фустани, а нивната најдобра особина е тоа што визуелно ги издолжуваат нозете.

 

Очила за сонце

glasses3f
Под услов да го најдете вистинскиот облик на рамки кои најдобро ќе прилегаат на обликот на вашето лице, очилата за сонце се еден од најважните модни додатоци. Тие за момент ќе го трансформираат лежерниот стајлинг во вистински урбан изглед и совршено ќе го комплетираат.

 

Краток фустан без ракави

minidress
Едноставен краток фустан без ракави мора да биде составен дел од вашиот стајлинг. Поради едноставниот крој прилега речиси на секој облик на тело, и успешно ги покрива недостатоците и ја издолжува фигурата. Одберете фустан во класична црна боја кој ќе можете да го носите со години.

 

Монохроматски стајлинг

yellowjeans3a
Доколку во целост се облечете во една боја, ќе делувате мошне префинето и софистицирано. Освен тоа, ваквиот изглед речиси ги елиминираат можностите за грешки, а прилегаат секому бидејќи ја издолжуваат фигурата.

 

Забележителен ѓердан

big-necklace
Голем, забележителен ѓердан можете да носите во комбинација со елегантен фустан, кошула, или, пак, обична маица. Овој ефектен моден додаток на целиот ваш изглед му додава посебна нота.

 

Природна боја на косата

alexa-chung-met-ball-2010
Иако бојадисаната коса може да ги истакне вашите очи или лице, факт е дека секоја жена најдобро изгледа со својата природна боја на коса. Доколку веќе сте се одлучиле да ја бојадисате, одберете ја онаа нијанска која е најслична со вашата природна.

 

Руменило

blush
Вистинската нијанса на руменило може да направи магија на вашето лице. Освен тоа што ќе ги нагласи јаболчниците, лицето ќе добие попрефинет и секси изглед. Секако, избегнувајте премногу интензивни нијанси.

- Реклама -