Иако „Денот на заљубените„ нема никакво значење на нашите простори, сепак, глобализацијата го направи своето, па се почесто може да се наиде на луѓе кои одлучуваат да го прослават овој ден со своите љубени. Доколку спаѓате во оваа група, еве еден едноставен начин за да го изненадите вашиот сакан.
Станува збор за едноставен, брз и пред се креативен рецепт – еурокрем пралине во облик на срце.
Состојки:
– 200 г. еурокрем
– 200 г. еурокрем Блок
– 70. г. печени мелени лешници
– хартиени корпи или силиконски калапи во облик на срце
– украсни бисери по желба
Подготовка:
1. Стопете ги на пареа кремот и Блок чоколадите.
2. Додадете ги мелените лешници…
… и мешајте додека не се соедини смесата.
3. Стопената смеса пресипете ја во калапите.
4. Оставете да се оладат.
5. Декорирајте.
Одличен додаток за првото утринско кафе.