10 места на Земјата кои не личат дека се на Земјата

1245149410.jpg Сите ќе се согласиме дека на оваа планета има неверојатни места, места кои мора да се видат и места кои до ден денес остануваат мистерија. Но, има и такви места кои кога ќе отидете…ќе имате чуство дека не сте повеќе на овој свет. Ние гордо ви ги претставуваме тие места…со надеж дека некој ден ќе правиме репортажи директно од нив:)


Сите ќе се согласиме дека на оваа планета има неверојатни места, места кои мора да се видат и места кои до ден денес остануваат мистерија. Но, има и такви места кои кога ќе отидете…ќе имате чуство дека не сте повеќе на овој свет. Ние гордо ви ги претставуваме тие места…со надеж дека некој ден ќе правиме репортажи директно од нив:)

 
Dry Valleys (Антартика)
a428_antartica.jpg
Местото Dry Valleys во Antartica е најсличното место на Земјата со Марс. Прекрасен пејсаж, без речиси воопшто снег. Теренот воопшто не изгледа како нешто што е на Земјата – површината е замрзнато езеро со мраз тенок неколку метри. Под мразот, во екстремно солена вода, живее мистериозен едноставен организам – кој сеуште се испитува.
 
Socotra Island (Индиски Океан)
a428_socotra.jpg
Овој остров не наликува на ништо „нормално“ на Земјата – ќе мислите дека сте транспортирани на друга планета, или дека се наоѓате во некоја друга ера од историјата на Земјата. Socotra островот, кој е дел од група од 4 острови, е географски изолиран од копното на Африка последниве 6 или 7 милиони години. Како и Galapagos островите, овој остров содржи 700 екстремно ретки видови на флора и фауна, од кои 1/3 се ендемски.
 Климата е сурова, жешка и сува – и најзачудувачките растенија живеат таму. Лоциран во Индискиот Океан 250км од Сомалија и 340км од Јемен, долгите плажи се збогатени со пештери (некои 7км во должина) и планини високи до 1525 метри. Дрвата и растенијата се зачувани преку долгата геолошка изолација, со тоа што некои од нив се стари преку 20 милиони години.
 
Rio Tinto (Шпанија)
a428_riotinto.jpg
Ова место во Rio Tinto е нешто како лунарен пејсаж. Неговото растење конзумирале не само планини туку и цели села, чие население морало да се пресели во специјално направени гратчиња во близина. Крстено според реката која тече низ регионот – а таа пак наречена според нејзината црвеникава боја – Rio Tinto стана пејсаж без пејсаж. Црвената вода на реката е многу отровна (pH вредност од 1.7 до 2.5) и богата со тешки метали.
 
 Kliluk, Точкастото Езеро (Канада)
a428_kliluk.jpg
Во лето, под влијание на жешкото сонце, водата на Точкастото Езеро лоцирано во Британска Колумбија и Вашингтон, ги кристализира минералите, формирајќи кругови; плитки базени кои ја рефлектираат минералната содржина на водата во нијанси на плаво и зелено. Содржи едни од светски најконцетрациските минерали: магнезиум сулфат, калциум и содиум сулфат, плус осум други минерали и има траги од уште четири, вклучувајќи сребро и титаниум.
 Легендата вели дека Индијанците ги лечеле своите ранети во Точкастото Езеро, Kliluk.
 
Salar de Uyuni(Боливија)
a428_uyuni.jpg
Salar de Uyuni во Боливија е можеби еден од најспектакуларните пејсажи во светот. Вчудовидувачка област со импресивна солена пустина(најголемата во светот), со активни вулкани, изгледа како вонземјански приказ, нешто сосема надвор од овој свет.
 
Vale da Lua (Бразил)
a428_lua.jpg
 a428_lua.jpg
 Vale da Lua, или Месечавата Долина е водена ерозирана карпеста формација со природни базени за пливање, лоцирана на река во бразилската шума. 38 км од Alto Paraiso de Goias, оваа карпеста формација е една од најстарите на планетава, направена од кварц со детали од кристали.
 
Blood Pond Hot Spring (Јапан)
a352_hell.jpg
Blood Pond Hot Spring во Јапан е едно од деветте природни води кои се повеќе за гледање отколку за бањање. Содржи жешка, црвена вода, обоена од железото во водите. Ова е најфотогенично од сите девет.
 
The Stone Forest – Карпеста Шума (Кина)
a428_stone.jpg
Shilin(кинеско име за Карпеста Шума) е импесивен пример за карстна топографија. Во Минг династијата е позната како „Првото чудо на светот“.
 
The Richat Structure (Мавританија)
a428_richat.jpg
Оваа спектакуларна земјена платформа во Мавританија се наоѓа во југозападниот дел на Сахара, наречена The Richat Structure, голема е со дијаметар од 30 милји и е видлива од вселената. Формацијата се мислеше дека е создадена од удар од метеори, но сега геолозите веруваат дека е дело на ерозија. Заоблениот облик е сеуште мистерија.
 
Eisriesenwelt Ice Caves (Австрија)
a428_icecave.jpg
Ледените пештери се многу различни од нормалните пештери. За нив се има чудно мислење, како да не се од оваа планета. Овие пештери во Австрија се токму такви.
   Има многу ледени пештери во светот, но Eisriesenwelt Ice Caves се сметаат дека се едни од најголемите познати за човекот. Се наоѓаат во Tennengebirge планините близу Салцбург и се протегаат низ неверојатни 40км. Само дел од лавиринтот е отворен за туристи, но и тоа е доволно за да го видат ова чудесно ремек дело на Мајката Природа.
- Реклама -