10 малку познати факти за Кока-Кола

Кока-Кола е дефинитивно најпознатиот пијалок во светот. Направена е во далечната 1886 година од страна на фармацефтот Џон Пембертон, а нејзиниот рецепт е една од најдобро сочуваните тајни во светот. Постои дури и урбана легенда која вели дека единствените два експерти кои го знаат рецептот никогаш не патуваат со ист авион. Еве неколку факти за познатиот пијалок кои веројатно досега не ги знаевте:

1. Земји во кои нема Кока-Кола

– Само во две земји во светот нема да го пронајдете овој газиран пијалок. Секако, станува збор за Куба и Северна Кореја.

2. Дали знаевте?

– За разлика од лименката Кока-Кола која потонува во вода, лименката од диеталниот производ на истоимениот пијалок „лебди“ над неа.

3. Некогаш содржела кокаин

– Кога настанала во 1885 година, Кока-Колата го добила своето име поради две состојки: орашестите плодови (кола) и листовите кока (кока). Така, било неизбежно да содржи мал дел кокаин, кој од пијалокот бил целосно отстранет во 1929 година.

4. Логото го препознава 94% од светската популација.

– Кока-Кола се смета за втор најпознат израз во светот. Само „Ок“ се смета за попопуларна фраза.

Прочитајте и:  Вештачка интелигенција ја создаде празничната магија на Coca-Cola

5. Повеќе од 10.000 шишиња во секунда

– Пресметано е дека секоја секунда во светот се пијат 10.450 шишиња од некој безалкохолен пијалок на компанијата Кока-Кола (тука спаѓаат и Фанта и Спрајт).

cola-santa

6. Дедо Мраз – заштитен знак

– Еден од главните заштитни знаци на компанијата е симпатичниот старец со бела брада кој носи поклони. Прв пат како дел од рекламната кампања на Кока Кола се појавил во 1931 година.

7. Кока-Кола на Фејсбук

– Официјалната Фејсбук страница во моментов брои повеќе од 87 милиони фанови, бројка која е во постојан раст.

8. Мартин Лутер Кинг повика на бојкот на Кока-Кола

– Ден пред да почине, Мартин Лутер Кинг ги повика луѓето да престанат да ги купуваат соковите од оваа компанија, тврдејќи дека црните работници кои работеле во истата биле многу помалку платени од белците.

9. Кока-Кола како лек

– Во 1985 година газираниот сок бил продаван како лек кој се сметало дека лекува главоболка, импотенција и други видови на потешкотии.

10. Пат во вселената

– Истата година (1985) Кока-Кола стана првиот пијалок кој се најде во вселената.

- Реклама -