10 лаги што ни ги шепоти алкохолот

Благодарение на алкохолот едни стануваат премногу смели, други агресивни, трети им ѕвонат на своите поранешни.

Прочитај повеќе: Дознајте кој тип на пијаница сте вие

Во продолжение да погледнеме на кои се лаги „паѓаме“ додека алкохолот ни шепоти низ усните.

Поранешниот/поранешната ќе се израдува многу, ако и ѕвонам сега

Мислите дека сте ја надминале претходната врска? Изненадувачки за вас, сепак, мислата за вашата поранешна девојка одеднаш испливувува во свеста, a вие сфаќате дека можеби би било супер да и се јавите. Таа се разбира, ќе се зарадува … во 3 наутро.

Кралот на подиумот

Мислите дека сте страшен танчер и сите ќе бидат импресионирани од кореографија која сте ја измислиле спонтано. Гледајќи се на YouTube, сепак, се чини дека тоа не било така.

 

Треба да зборувам со ди – џејот да ми ја пушти омилената песна

Да си DJ е одлична работа. Еден од ретките недостатоци е дека секоја вечер пијани луѓе инсистираат да им пушташ глупави песни.

Ќе пијам уште само една

„Само уште една … и уште една …”

Да напишам нешто остроумно на Facebook

Додека се прашувате дали да не пиете уште една,  одлучувате дека не сте го провериле својот профил  30 минути, а таму може да има нешто важно. Пуштате еден-два пијани статуси и фотографии, а потоа го отворате профилот на бившата и ставате лајк на последните нејзини 55 фотографии.

 

Ви доаѓаат револуционерни идеи за светот

Некои ги убива  романтика, други агресија, а трети филозофија. Ви доаѓаат неверојатни идеи за иднината, за грандиозни бизнис планови. Уште утре ќе ја напуштите работата и ќе започнете бизнис на Карибите, кој нема како да не е успешен. Како не сте се сетиле до сега? Почекајте да се отрезните пред да му пишете порака на шефот, дека напуштате и заминувате за Карибите.

Ќе затворам очи само за една секунда

Затворате очи само за момент и се будите после 2 часа. Луѓето ве гледаат љубопитно, а вие се прашувате како така сте заспале толку длабоко во автобусот / под масата / на автобуската станица / во продавницата …

 

Стриптиз!

Има луѓе кои после неколку чашки не само што го заземаат подиумот, туку извезуваат цела програма, вклучувајќи стриптиз.

Парите не се проблем!

„ Ќе си купам цело шише виски”, „Да им испратиме шише шампањ на оние девојки на соседното сепаре”, „Еднаш се живее, што ако потрошам  половина плата!”

 

Воопшто не сум пијан

И лага број 1 – ама јас не сум пијан! „Се колнам, не сум пијан!”. За жал, има една лага која може да заврши многу трагично: „Не сум пијан и можам да се возам!”

- Реклама -