Секој ден гледаме сѐ понапредни и поусовршени компјутери, па затоа и нивните масички го заслужуваат истото. Погледнете ги овие компјутерски маси кои се чудни, големи, мали – и кои веднаш ќе ги посакате.
Секој ден гледаме сѐ понапредни и поусовршени компјутери, па затоа и нивните масички го заслужуваат истото. Погледнете ги овие компјутерски маси кои се чудни, големи, мали – и кои веднаш ќе ги посакате.
Оваа маса се вика “Victorian Organ Command Desk” и е направена од шасија од пумпа на пареа. За да се изгради биле потребни 6 месеци, да се стават сите антиквитети и подоцна да се инсталира компјутерскиот систем. Има 3 монитори, принтер, скенер и веб камера.
Хан Соло карбонска маса
Кој не би сакал маса со Хан Соло замрзнат внатре? Оваа маса е дизајн на Том Спина и Ричард Рајли од фирмата Tom Spina Designs, фирма која се работи со скулптури по нарачка.
Маса за уживање
Тинејџерите сакаат да прават сѐ одеднаш, нели? Впрочем, нели сакаат сите? Дизајнот на Роберта Рами содржи маса, телевизор со рамен екран и место за чување дискови.
Маса на собирање
Живеете во полна куќа и немате приватност? Тогаш Софи Киркпатрик го има решението за вас: маса со капак на неа! Навлечете го горниот дел и работете без грижа дали некој ќе гледа што правите.
Маса Корвета
Оваа маса е направена од задниот дел на Корвета C5. Единствениот лош дел на оваа маса е тоа што чини 2590 долари.
Маса за вежбање
Сега можете и да вежбате и да го користите компјутерот истовремено. Нели е интересно да согорувате калории додека сурфате на интернет?
Мобилна училишна маса
Оваа маса има место за оставање работи, столче и подлога за пишување, на која може да собере и лаптоп. Отсега преместувањето од една до друга училиница ќе биде полесно.
Маса која зачувува простор
Иако никој незнае дали е само дизајн или е во сериско производство, едно е сигурно: ова е навистина кул маса.
Маса со адаптиран простор за нозете
Ако под вашата маса неможе да ви ги собере нозете, купете си ја оваа. Ако ви одговара бојата со ѕидовите.
Vision One компјутерска маса
Масата за која на дизајнерите им требало 3 години за да ја направат е рај за сите гејмери. Па дури и да не сте гејмер, зарем едноставно не сакате да седнете на неа?