Дали вашиот кревет ви изгледа премногу обичен и здодевен? Дали сакате да спиете на уникатен кревет, и уште поважно, дали се чувствувате како дете? Епа тогаш некој од овие кревети може да биде идеален за вас.
Дали вашиот кревет ви изгледа премногу обичен и здодевен? Дали сакате да спиете на уникатен кревет, и уште поважно, дали се чувствувате како дете? Епа тогаш некој од овие кревети може да биде идеален за вас.
1. Y-Wing од Војна на Ѕвездите
Ако сте биле фан на класичната трилогија, тогаш овој кревет сигурно ќе ви се допадне. На два метри од подот, лесно ќе ви биде да си замислите како сте дел од ескадрилата која ја нападна Ѕвездата на Смртта.
2. АТ-АТ
Еве уште еден кревет инспириран од Војна на Ѕвездите, или два. Овој АТ-АТ е дизајниран за поставување над секој стандарден двоспратен кревет, но само ќе ја влоши кавгата за тоа кој да спие долу а кој горе. Ако сте на вториот спрат не само што ќе спиете внатре во возилото, туку ќе можете да уживате во макета на која е прикажана Битката од Хот.
3. Pac-Man
Овој кревет не е официјално Pac-Man кревет, ни па не е инспириран од играта, но изгледа многу слично на малото жолто топче кое јаде духови.
4. Ајкула
Можеби сакате ајкули. Но спиење на кревет поставен врз голема бела ајкула која ја прави онаа од филмот да изгледа како кукла, е тоа е вистинска љубов кон ајкули.
5. SNES
Инспирирано од една од најпопуларните конзоли на Нинтендо, Super Nintendo Entertainment System, овој кревет е сигурно многу популарен кај гејмерите.
6. Millennium Falcon
Кајла Кромер сигурно има добиено многу понуди за брак само зашто го направила овој кревет. А и фактот што е облечена како принцезата Леа сигурно не штети.
7. Napshell
Оваа направа е одлична за одмарање за фанови на научна фантастика. Дизајнот на Napshell изгледа чудно. Но се во иднината е такво, нели?
8. Диносаурус
Совршен за секој десет годишен фан на Паркот Јура, или палеонтологија. Само не е јасно дали устата се затвара.
9. Ковчег од Ѕвездени Патеки
Не мора да носите црвена блуза за да спиете во овој кревет. Вашите пријатели и семејството најверојатно нема да се согласат со вашиот избор, но вистинските фанови на Ѕвездени Патеки се навикнати на тоа.
10. Компјутерско биро
Кој не би сакал да спие и работи на исто место? Овој повеќенаменски кревет се трансформира во работно место без да ја преуредувате целата соба.