10 интересни факти за Рим

Според легендата, вечниот град, Рим, бил изграден на 7 ридови. Низ историјата, овој град попримил многу влијанија, поминал низ многу возбудливи приказни, за на крајот да го добие денешниот, модерен изглед. Но, сигурно постојат факти за прекрасниот Рим кои не сте ги знаеле…

1. Роденденот на градот кој бил подигнат во 753 година п.н.е., се прославува секоја година на 21. април. Прославата вклучува огномети, гладијаторски борби, традиционални римски прослави и паради.

rome-view-italy1

2. Пантеонот, кој бил подигнат во 27 година п.н.е. од Маркус Агрипа е единствениот споменик од античкиот Рим кој до ден денешен е останат во својата интегрална форма. Уште помалку е познато дека таму се погребани италијанскиот крал Виторио Емануеле II и неговиот наследник Умберто I.

pantheon-rome

3. Еден од парковите во Рим се вика „Паркот на чудовиштата“. Името не се должи на опседнатоста со демони, туку на фактот што во паркот се поставени бројни гротескни фигури, како што се на пример грубиот Херкул кој совладува Амазонка, како и џин, со толку голема уста што низ неа може да се помине.

4. Бањите Каракала денес се во многу лоша состојба, но во екот на Римската Империја во нив можеле да се услужат по 1.600 гости одеднаш. Тие се најубавиот потсетник на империјалната ера.

thermae_caracallae_08

5. Во Рим се наоѓа единствениот светски музеј во целост посветен на тестенините. Во него се изложени најразлични машини за правење тестенини, како и слики од модерни уметници во кои се прикажуваат тестенини.

6. Базиликата на Св. Петар, која се наоѓа во Ватикан, е најголемата црква што некогаш била изградена.

st-peter-square

7. Колосеумот, кој во славните денови имал капацитет од 50.000 посетители, е едно од Седумте светски чуда.

8. Во монументалните гробишта на Браќата Капуцинери се искористени коски од преку 4.000 монаси, од кои дел се и целосни скелети, за создавање симболични уметнички дела во капелите.

9. Комплексот музеи во Ватикан е најголем во светот и се состои од преку 1.000 музеи, во кои се изложени најразлични ремек-дела.

Vatican-Beautiful1

10. Базиликата на Св. Петар била најимпозантна градба во градот речиси 1.000 години, но околу 14-от век започнала да попушта пред забот на времето. Во следните два века била целосно реконструирана и обезбедена. Во оваа импозантна градба свој печат имаат оставено дел од најголемите италијански уметници на сите времиња, вклучувајќи ги тука и: Микеланџело, Рафеал и Мадерно.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -