10 интересни факти за Италија кои веројатно не сте ги знаеле

Италија! Земјата каде храната е вкусна, уличките тесни, кафулињата романтични а историјата е се уште жива. Шпагети, мафија, гласно зборување, изразени гестикулации, префинета музика и згодни и модерни дами и џентлмени. Вака најчесто се опишува Италија. Во продолжение, слушнете уште неколку интересни карактеристики на оваа земја:

1. Со речиси 40 милиони туристи годишно, Италија е четврта најпосетена земја во светот.

venice-gondolas-canal-night

2. Освен пицата, Италијанците му потпомогнале на светот со уште многу генијални изуми. Некои од нив се: термометарот, клавирот, машината за пишување, веспа скутерите, како и операта.

3. Во Рим се наоѓа единствениот светски музеј во целост посветен на тестенините. Во него се изложени најразлични машини за правење тестенини, како и слики од модерни уметници во кои се прикажуваат тестенини.

Italy-city-17

4. Неофицијално, најзначајно животно во Италија е волкот, и тоа најмногу поради познатата легенда за Ромул и Рем, и создавањето на Римската држава.

5. Италија е позната по своите спортски автомобили како: Ферари, Масерати и Ламборџини.
Италијанците нивното кафе го пијат набрзина, во бар, пред да отидат на работа, оставајќи ги масите празни за туристите.

246

6. Доколку сакате да го прашате келнерот кое кафе да го нарачате, бидете подготвени, откако ќе ви го донесе, да му оставите пристоен бакшиш. Ако сакате да нарачате еспресо во Италија, треба само да побарате „кафе“ и запомнете: треба да го испиете брзо. Еспресото не е кафе кое се пие голтка по голтка, туку треба да се испие во две до три голтки, најмногу.

Прочитајте и:  Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог...

7. Италијанците се многу романтични. Тие навистина уживаат во романтиката. Италијанец никогаш не би оставил девојка да оди сама дома. Таму уште се негува идеалот за мачо тип.

RomanceTable_0

8. Италија е и позната како земја на мафијата, и за жал, овој факт е точен и вистинит. Впрочем, самиот збор Мафија, потекнува од Италија, а се користел за означување на организирани криминални банди од островот Сицилија. Сицилијанската мафија која исто така е позната како „Коза Ностра“ или во превод „Наша работа“ се појавила во XIX век. Секоја група, позната како „семејство“ или „фамилија“, „здружение“, „клан“ или „коска“ смета дека има суверенитет врз територијата на која рекетира.

9. Во една од најубавите фонтани во светот, и воедно најпознатите во Италија, „Фонтана ди Треви“, секојдневно се фрлаат околу 3000 евра.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

10. Ниту една друга земја во Европа нема толку многу вулкани како Италија. Таа има дури три активни вулкани: Етна, Стромболи и Везув.

- Реклама -