За повеќето од нас, денот почнува со стартување на комјутерот.
Но, ретко кој е убеден дека еден погрешен потег на компјутер може да ве чини вашата работа или кариера. Понекогаш причината за грешка е едноставно негрижата. Без оглед на строгите безбедносни инструкции потпишани од страна на вработените, како дел од договорот, тие не се ни следени ниту научени, не прифаќајќи го огромното влијание на последиците од нивно прекиршување. Значи, на што треба да внимавате додека работите на вашиот компјутер или лаптоп?
1. Користење на USB за пренос на информации. Додека пренесувате корпоративни податоци на домашниот компјутер или обратно, користејќи USB може да ви изгледа нормално, но оваа навидум легитимна манипулација е склона кон предизвикување на сериозни проблеми. USB-то може да биде изгубено а со тоа и податоците во него, може да влијае на сите компјутери во канцеларијата пренесувајќи вирус, кој може намерно да ги украде податоците на компанијата.
2. Разговарање на социјалните мрежи. Кога разговарате со некој на социјалните мрежи, имајте на ум за чувствителноста на податоците и информациите кои ги споделувате: тоа може да влијае на вас и на вашата компанија. Хакерите често ги користат социјалните мрежи за да спроведат првично истражување и првично да навлезе во мрежата на организацијата. Затоа треба да внимавате на луѓе кои бараат контакти/ e-mail од други вработени, испраќање на вашите неочекувани датотеки или линкови, итн.
3. Друго „не“ е несоодветниот тон на гласот додека разговарате со клиенти или партнери користејќи социјални мрежи. Оштетување на угледот на вашиот работодавец е лошо и во апсолутно мнозинство на случаи значи отпуштање со директен ефект. Една безгрижно „лизната“ фраза за колега или некоја несериозна фотографија од канцеларија може да доведе до расипување на односите со соработниците и проблеми.
4. Препраќање на докуметни од работа преку личен e-mail. Може да биде досадно кога серверите „паѓаат“ и вашиот итен e-mail не може да чека, но користејќи ја адресата gmail.com за праќање на корпоративна пошта може да биде лоша идеја од различни причини. На пример, ако е компромитиран, вашиот e-mail сервис на податоци може да заврши во рацете на сајбер-криминалците. Ова може да влијае на вашата репутација во компанијата.
5. Испраќање на шифрирани лични информации од компјутерот од канцеларија може да значи крај на вашата кариера и, конечно, крај на вработувањето во компанијата. Одделот за претпазливост и безбедност може да одлучи да ги сподели доверливите податоци со надворешни лица, и дури и во случај да не е така, може да предизвикате загрижувачки погледи. Користејќи неовластен софтвер на работа, особено на лаптопи. Додека многу големи организации избегнуваат давање право на admin на корисниците, такви грешки се сеуште широко распространети.
6. Користење неовластен софтвер на работа, особено на лаптопи. Додека многу големи организации избегнуваат давање право на admin на корисниците, такви грешки се сеуште широко распространети. Настрана од малвер заканите, ирелевантниот софтвер ги троши ресурсите на компанијата. Не заборавајте дека вашиот компјутер е надгледуван од далечина, па не мора да дојдат до вашето биро за да видат што правите.
7. Намерно или случано кршење на безбедносната полиса, односно откривање на лозинки. Некои ги пишуваат во Post-It note или ги лепат ливчиња на мониторот, а најлошо е да ги чувате во документ „мои лозинки“ на десктопот. Не го правете ова и држете ги во тајност.
8. Симнување на ирелевантна содржина. Иако може да изгледа дека сме во ера на големо опкружување на податоци кои можеме да ги симнеме од инернет како музика, филмови и други податоци дома, луѓето имаат тенденција да не го следат ова еднставно правило на работа, дури и кога се свесни за фактот дека нивната онлајн активност на работа е надгледувана. Тие се уште го прават тоа, а потоа се разочарани кога ќе бидат казнети.
9. Мобилни комуникации. Многу видови на грешки и погрешни работи можат да бидат наведени тука, како „го помешав мојот со телефонот на компанијата, надминувајќи ги границите на интернретот“, или „само сакав да се одморам и да поиграм малку“. Ако сакате да го користите мобилниот уред за бизис и лични потреби истовремено, прашајте го вашиот ИТ сектор за правилно да ги одвоите овие области на смартфонот. Постојат повеќе BYOD решенија за тоа.
10. Последно и најважно. Сè што велите (пишувате) онлајн може и ќе биде искористено и да ја подобри и да ја уништи вашата кариера. Па, на вас останува колку ќе внимавате.