10 градови од Загубениот Свет

градовиГледајќи ги врвовите на Андите над „Загубениот град на Инките“ и долината под него, лесно е да се види зошто овој град беше изгласан за едно од Новите Седум Светски Чуда во 2007 година. Локацијата во Перу која потекнува од петнаесетиот век била напуштена набрзо по пристигнувањето на шпанските освојувачи.

Градот бил оставен на елементите се додека не повторно не бил откриен во 1911. Некои од највеличествените метрополиси во историјата привлекуваат сè повеќе туристи секоја година. Мачу Пикчу е посетен од околу еден милион туристи секоја година, бројка која расте по 6 проценти секоја година.

Петра, Јордан

градовиЦивилизација: Набатејците
Населен: шестти век п.н.е.

Овој град издлабен во карпите голем дел од својата популарност во западниот свет ја должи на “Indiana Jones and the Last Crusade” од 1980 година.

Чичен Ица, Мексико

градовиЦивилизација: Маите
Населен: 600 до 1000 н.е.

Локацијата на еден од најголемите спортски терени од Мезоамериканската култура, овој кралски град се наоѓа во близина на една масивна подземна сенота, каде што биле фрлани телата на жртвуваните луѓе.

Подземен град Деринкују, Турција

градовиЦивилизација: најверојатно Фригијците
Населен: Од околу осми век п.н.е. до десетти век н.е.

Оваа подземна мрежа има над десет нивоа и собира до 50.000 луѓе плус добиток. Локацијата најверојатно била користена од раните Христијани кои се криеле од Римјаните.

Мачу Пикчу, Перу

градовиЦивилизација: Инките
Населен: Петнаесетти и шестнаесетти век н.е.

Шпанците кои донеле мали сипаници го истребиле населението на оваа планинска кралска тврдина, но Загубениот град на Инките никогаш не бил најден од шпанците. Всушност тој бил откриен дури во 1911 година.

Прочитајте и:  (ВИДЕО) Кои се пријателите на ВМРО-ДПМНЕ Кои се пријателите на Доналд Трамп?

Анкгор, Камбоџа

градовиЦивилизација: Кмерската Империја
Населен: деветти до петнаесетти век н.е.

Над илјада храмови, меѓу кои е и Анкгор Ват, се дел од овој град кој долго време бил главен град на Кмерите. Градот полека опаднал по успешен напад од освојувачи од територијата на денешен Тајланд.

Картагина, Тунис

градовиЦивилизација: Феникијците
Населен: 650 до 146 г.п.н.е.

Картагина била домот на најголемиот непријател на Римската Империја, Ханибал. Градот бил запален по што земјата била заситена со сол по последната Пунска Војна.

Помпеја, Италија

градовиЦивилизација: Римската Империја
Населен: седми/шестти век п.н.е. до 79 година н.е.

Помпеја бил културен центар и дестинација за одмори за членовите на високото римско општество сè до денот кога бил уништен од ерупцијата на Везув.

Мемфис, Египет

градовиЦивилизација: Древен Египет
Населен: трет милениум п.н.е. до седми век н.е.

Сместен на устието на делтата на Нил, Мемфис опстојал со векови како трговски, религиозен и кралски центар. Инвазиите, како онаа на Александар Македонски само придонеле кон неговиот пропаст.

Теотихуакан, Мексико

градовиЦивилизација: најверојатно Тотонак народот
Населен: 100 г.п.н.е. до 250 г.н.е.

Овој град, чии основачи и понатаму се мистерија, е дом на дел од најголемите пирамиди во Америка. Овој град бил инспирација за неколку империи, како Запотечката и онаа на Маите.

Багерат, град на џамии, Бангладеш

градовиЦивилизација: Кан Џаан Али
Населен: петнаесетти век н.е.

Градот кој претходно бил познат како Калифтабад бил основан од турски генерал. Во него се наоѓаат над 50 исламски споменици и Џамијата со Шеесет Столбови која е конструирана со 60 столбови и 80 куполи. [10 cities of the Lost World]

- Реклама -