На индонезиската поп ѕвезда Назрил Ирхам (познат како Ариел) и неговата девојка Луна Маја (топ модел), им се заканува 10 годишна казна затвор и казна од 500 илјади долари откако нивното интимно видео било пуштено на интернет по кражбата на лаптопот.

Индонезија е земја со еден од најстрогите антипорнографски закони. Двете славни личности биле во врска, видеото го снимиле во приватноста на својот дом и истото не било наменето да биде видено од пошироката јавност; но ништо од тоа нема да им помогне да ја избегнат долгата затворска казна.
Назрил и Маја тврдат дека луѓето снимени како имаат секс не се тие, т.е. дека се работи за лажно видео, но сепак биле повикани во полициска станица на распит. Доколку се докаже дека навистина се работи за нив, ним не им бега долг престој во затвор и астрономска парична казна. [Nazril Irham Sex Tape? Indonesian Celebrities Could Face 10 Years in Prison]