Колку и да изгледа неверојатно, дури и некои од најчудните филмови се базирани врз вистински приказни. А со тоа и најчудните ликови се базирани врз вистински ликови. Погледнете 10 такви ликови.
Колку и да изгледа неверојатно, дури и некои од најчудните филмови се базирани врз вистински приказни. А со тоа и најчудните ликови се базирани врз вистински ликови. Погледнете 10 такви ликови.
Луси од „50 први состаноци“ – Мишел Филпотс
Секој ден, Мишел Филпотс се буди покрај човек кој мора да ѝ докаже дека се во брак. Тој секојдневно вади фото албум за да ѝ ги покаже сликите од нивната свадба пред 13 години. Дури тогаш госпоѓата Филпотс знае дека човекот ја зборува вистината и разговара со него. Ваквата состојба на 47 годишната жена е предизвикана од повреда на мозокот при две сообраќајни несреќи. Таа се сеќава на сѐ, до 1994 година, но од тој ден наваму нема никакви сеќавања. Нејзиниот случај е претставен во филмот „50 први состаноци“, каде што Адам Сендлер мора секојдневно да ја убедува Дру Баримор дека е заљубена во него.
Зоро од „Маската на Зоро“ – Јоакин Муриета
Зоро е тајниот идентитет на Дон Диего де ла Вега, чесен и почитуван човек кој живее во ерата на шпанската колонија Калифорнија. Тој се маскира со црн превез на очите и ги штити луѓето од тиранската влада и од други криминалци. Јоакин Муриета, исто така нарекуван и „Робин Худ од Ел Дорадо“, бил инспирација за ликот на Зоро. Неговото име, за некои политички активисти, претставувало отпор против Англо-Американската економија и културната доминација во Калифорнија. Всушност, лик со ова име се појавува во филмот „Маската на Зоро“. Во филмот, по смртта на неговиот (измислен) брат Јоакин, Алехандро (Антонио Бандерас) станува новиот Зоро и потоа го убива капетанот Лав, во чин на одмазда.
Виктор Наворски од „Терминалот“ – Мехран Насери
Во филмот „Терминалот“, Том Хенкс е жртва на модерниот свет. Иако приказната во филмот изгледа невозможна, таа е всушност инспирирана од вистинска приказна. Живата урбана легенда Мехран Насери, нарекуван и „Сер Алфред“ од тие што работат на аеродромот, навистина живеел на терминалот на аеродромот во Париз, Шарл де Гол. Без никакви документи, Мехран бил бегалец од Иран и ниедна држава не сакала да го прими. Без никакви докази тврдел дека има еден Британски родител, па решил да оди во Велика Британија во 1986, но документите му биле украдени во Париз. И покрај ова, тој слетал во Лондон, но бидејќи немал пасош да го покаже на Британското имиграционо биро, бил вратен во Париз. Иако првично бил уапсен од Французите, тој бил пуштен бидејќи неговиот престој на аеродромот бил легален, само што немал земја во која би можел да се врати. Црвена пластична клупа покрај местото за багаж била неговиот дом цели 18 години. Иако аеродромот на Стивен Спилбег е во Њујорк и ликот на Том Хенкс е Европеец, нема никакви сомнежи дека инспирацијата е приказната за Мехран Насери. За Мехран, животот на аеродром заврши во 2006, кога беше хоспитализиран. Потоа, бил згрижуван од многу организации и од 2008 тој живее во дом за згрижување во Париз.
Хана Шмиц од „Читачот“ – Исле Кош
Ликот на Кејт Винслет во „Читачот“ е инспириран од животот на еден од најголемите воени криминалци на Третиот Рајх. Исле Кош била чувар во концетрационен логор и имала прекар „кучката од Бушенвалд“. Таа се омажила за Карл Кош, близок пријател на Адолф Хитлер, во 1936, и го придружувала кога тој станал командант на Бушенвалд логорот, следната година. Како надзорник на жените чувари, таа ги камшикувала и тепала затворениците. Сведоци велат дека таа дури и ги терала затворениците да се силуваат еден меѓу друг, па била укорена за нејзината бруталност. Исто како и во филмот, Кош се самоубила кога била осудена на доживотен затвор за нејзините криминални дела во концетрациониот камп. Пред да се самоубие, Кош повторно се соединила со нејзиниот син, кој штотуку дознал за идентитетот на мајка му и за нејзините дела. Тој пишувал поезија која и ја испраќал во затворот. Во филмот, таа се соединува со Михаел Берг, поранешен љубовник кој се шокира кога ќе дознае за што е осудена. Откако ќе биде осудена, тој ѝ испраќа книги снимени на касета. Исто така, Исле биле обвинета и за тоа дека имала афери со затворениците, додека пак за Хана имало сомнежи дека имала секс со женските затвореници.
Рејмонд Бабит од „Дождовниот човек“ – Ким Пик
Ким Пик е човекот кој е инпирација за ликот на Дастин Хофман во „Дождовниот човек“. Ова се случило откако тој се сретнал со сценаристот Бери Мороу, кој го искористил Пик како инспирација и подоцна Дастин Хофман доби Оскар за оваа улога. Иако ова не е случај со Пик, ликот во филмот беше претставен дека има аутизам. Откако филмот стана хит во 1988, Пик наредните 21 година ги демонстрираше своите ментални способности на повеќе од 64 милиони луѓе ширум светот. Тој можел да запомни 98% од содржината на тоа што го читал, слушал и гледал (просечниот човек може само 45%).
Норман Бејтс од „Психо“ – Ед Гејн
Норман Бејтс е психолошки растроен сопственик на хотел, кој има илузии дека неговата мртва мајка, чиешто тело го чува на таванот, сака да ги убие гостите во хотелот. Тој развива двојна личност и се облекува како мајка му кога ги убива гостите. Сценариото за филмот е адаптирано од новела со истото име на авторот Роберт Блош. Новелата пак, била базирана на животот на серискиот убиец Едвард Гејн, кој бил уапсен во 1957 за две убиства и откопување на телата на многу жени кои го потсетувале на неговата мртва мајка. Тој ја вадел кожата од жените и си правел чорапи и „костим на жена“, надевајќи се дека ќе стане жена. Беше утвредно дека е луд и остатокот од својот живот го помина во ментална институција.
Лорел Хидар од „Жена мачка“ – Хедер Бирд
Има теорија дека ликот на Шерон Стоун од „Жена мачка“, негативката Лорел Хидар е инспирирана од адвокатката Хедер Бирд. Кога филмот беше во продукција, името на Хедер беше насекаде во весниците, претставувајќи го новиот револуцинарен крем против стареење. Кремот против стареење е главнот елемент во содржината на филмот. Козметичката компанија во првичното сценарио се вика „Avenal Beauty“. Зборот Avenal е игра на букви од зборот Aves, научното и латинското име за зборот „птици“. А тоа е суптилна асоцијација на името Бирд (птица). Кога филмот беше готов, името на компанијата се смени во „Hedare Beauty“. Адвокатката Хедер Бирд во вистинскиот живот не е злобна негативка, но има многу сличности со ликот на Шерон Стоун. И двете се убави блондинки и двете се од Солт Лејк Сити.
Роки Балбоа од „Роки“ – Чак Вепнер
Чак Вепнер е боксер кој никогаш не достигнал голем успех, но во 1975 имаше шанса да се боксува со шампионот во тешка категорија Мухамед Али. Иако никој не ја сметаше борбата за сериозна, во деветтата рунда Вепнер му зададе удар на Али со кој го нокаутира. Вепнер отишол во неговиот агол и му рекол на тренерот: „Еј, го нокаутирав“. „Да“, тренерот му одговорил, „но тој сега е навистина изнервиран“. Самиот Вепнер беше нокаутиран во 15 рунда. Младиот актер Силвестер Сталоне ја гледал борбата дома на телевизија и бил инспириран да го напише сценариото за Роки, базирано на храброста на Вепнер.
Емили Роуз од „Прочистувањето на Емили Роуз“ – Анилис Мичел
Во филмот, еден свештеник е на судење за смртта на млада девојка со име Емили Роуз, откако тој ѝ извршил егзорцизам. Филмот е инспириран од 16 годишна германска девојка, која во 1968 покажувала знаци на демонска опседнатост. Со години таа патела од парализа, самоповредување, глад и демонски визии, сѐ до 1975 година, кога двајца свештеници ѝ вршеле егзорцизми кои траеле 10 месеци. За сето тоа време, Анилис одвај јадела и умрела од глад во 1976. Нејзините родители ги тужеле свештениците и тие беа обвинети за мачење. Биле осудени на 6 месеци затвор.
Хершел Шмокел Пинчас Јерушам Крастофски, или Кловнот Красти од „Симпсонови“ – Џим Ален
Кловнот Красти е циничен, брутален и зависник од цигари. Тој е ликот на омиленото шоу на Барт и Лиса. Тој оригинално бил инспириран од вистинскиот кловн Расти Нејлс, кој Мет Гроениг (креаторот на серијата) го гледал додека бил дете. Џим Ален бил човекот позади маската на кловнот Расти Нејлс и неговата програма била втора најмногу прикажувана детска серија во Портланд. Речиси сите ликови од „Симпсонови“ се базирани или од семејството или соработниците на Мет Гроенинг, а голем дел од споредните ликови ги имаат добиено своите имиња по улиците во Портланд, Орегон.
Користиме „колачиња“ на нашата веб-страна за да можеме да ги запаметиме Вашите преференци и посети. Со кликање на „Прифати“, Вие се согласувате за употреба на СИТЕ колачиња.“
This website uses cookies to improve your experience while you navigate through the website. Out of these, the cookies that are categorized as necessary are stored on your browser as they are essential for the working of basic functionalities of the website. We also use third-party cookies that help us analyze and understand how you use this website. These cookies will be stored in your browser only with your consent. You also have the option to opt-out of these cookies. But opting out of some of these cookies may affect your browsing experience.
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. These cookies ensure basic functionalities and security features of the website, anonymously.
Cookie
Duration
Description
cookielawinfo-checkbox-analytics
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics".
cookielawinfo-checkbox-functional
11 months
The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional".
cookielawinfo-checkbox-necessary
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary".
cookielawinfo-checkbox-others
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other.
cookielawinfo-checkbox-performance
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance".
viewed_cookie_policy
11 months
The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data.
Functional cookies help to perform certain functionalities like sharing the content of the website on social media platforms, collect feedbacks, and other third-party features.
Performance cookies are used to understand and analyze the key performance indexes of the website which helps in delivering a better user experience for the visitors.
Analytical cookies are used to understand how visitors interact with the website. These cookies help provide information on metrics the number of visitors, bounce rate, traffic source, etc.
Advertisement cookies are used to provide visitors with relevant ads and marketing campaigns. These cookies track visitors across websites and collect information to provide customized ads.