Од Златната Карпа во Бурма до карпите печурки во Египет ова се најфасцинантните камени формации околу светот.
Од Златната Карпа во Бурма до карпите печурки во Египет ова се најфасцинантните камени формации околу светот.
Пагодата Чаиктијо, исто така позната под името Златна Карпа, е познат будистички храм во државата Мон во Мијанмар, Бурма. Малата пагода (5,5 метри) е сместена на врвот на „златната карпа“, гранитна карпа покриена со златни листови залепени од посветените верниците. Карпата сама по себе изгледа како да и пркоси на гравитацијата.
Ова е една од најпознатитет карпи печурки, лоцирана во Египет. Исто така наречени и пиедестали, ваквите карпи се едни од највпечатливите манифестации на процесот на ерозија и временските прилики. Вообичаено можат да се видат во пустините каде се формираат илјадници години.
Овој варовник со спектакуларен иглед е лоциран во нагибите на Којотовите Бјутови во Арзона. До оваа формација може да се дојде со пешачење низ 4.8 km долг и див, без облежена патека, пејзаж при што треба да се искачат 107 метри во височина.
Улуру или Ајерс рок е песочна карпа која се наоѓа на Северната територија, токму во средината на Австралија, на 450 km од Алис Спрингс. Оваа карпа која нагло се возвишува во сува рамница настанала како последица на песочните наноси кои ветрот ги носел со векови. Улуру преставува свето место за Абориџините, австралиски домородци. Неговата црвена боја, се менува под дејство на Сонцето, во текот на целиот ден. Денес Улуру претставува еден од многубројните национални симболи на Австралија.
Необичните и диви камени формации кои се простираат на површина 340,000km2 во Колорадо се настанати од наппластените песочни дини од пред 200 милиони години.
Оваа камена формација е една од најголемите природни арки во светот. Карпата со вдлабатина порано имаше две арки се додека една од нив не колапсира во 1845 година. И покрај губењето на арката, оваа карпа сè уште се смета за едно од седумте чуда на Канада.