10 фасцинантни факти за мозокот

head_and_brainЧовечкиот мозок е најкоплексен дел од човечката анатомија за кој многу нешта сè уште не се до крај разоткриени и допрва треба да ги разбереме. Ви презентираме неколку интересни факти кои можеби веќе сте ги знаеле, но со кои би сакале да ве потсетиме колку фасцинанатен орган е нашиот мозок.

brain00Човечкиот мозок е најкоплексен дел од човечката анатомија за кој многу нешта сè уште не се до крај разоткриени и допрва треба да ги разбереме. Ви презентираме неколку интересни факти кои можеби веќе сте ги знаеле, но со кои би сакале да ве потсетиме колку фасцинанатен орган е нашиот мозок.

1. Нервните импулси од и до мозокот патуваат со брзина од 273 километри на час
Дали сте се прашувале како реагирате толку брзо на нештата околу вас и зошто повреденото стапало ве боли во моментот на ударот? Тоа е така заради супербрзото движење на нервните импулси од мозокот кон остатокот на телото и обратно, предизвикувајќи ја реакцијата со брзина на спортски автомобил.

2. За да функционира мозокот потребна му енергија исто толку колку на сијалица од 10 вати
Сликата со сијалица над главата кога се појавува некоја идеја не е далеку од реалноста. Мозокот генерира исто толку енергија колку една мала сијалица дури и кога спиеме.

3. Во само една мозочна клетка има за 5 пати повеќе информации од Енциклопедија Британика или која било друга поголема енциклопедија
Научниците допрва треба да ја одредат точната количина, но капацитетот на информации во мозокот во електронски термини се смета дека е некаде помеѓу 3 или дури 1.000 терабајти. Националната архива на Британија, во која се архивирани повеќе од 900 години историја, ја „собира“ целата во околу 70 терабајти.

4. Мозокот користи 20% од килородот во крвотокот
Мозокот е само 2% од вкупната телесна маса, а сепак конзумира повеќе кислород од кој било друг орган во телото, што го прави многу подложен на повреди при оксигенска депривација. Затоа, дишете длабоко.

5. Мозокот е многу поактивен навечер одошто во текот на денот
Логично, би помислиле дека со сето тоа движење, комплицирани калкулации, задачи и интеракција, на мозокот би му било потребно многу повеќе енергија одошто кога само се лежи во кревет. Меѓутоа точно е токму спротивното. Кога вие се исклучувате, мозокот се вклучува. Научниците сè уште не знаат зошто е тоа така, но можете да бидете благодарни на тешката работа на мозокот затоа што имате пријатни соништа навечер.

6. Поголем IQ – повеќе соништа
Додека ова веројатно е точно, не гледајте го како знак тоа што не можете да се сетите на вашите соништа. Повеќето од нас не гo памтат поголемиот дел од она што сонуваат, а просечното времетраење на соништата е само 23 секунди – толку многу кратко што тешко може да се регистрираат.

7. Невроните продолжуваат да растат во текот на човечкиот живот
Со години научниците и докторите сметаа дека мозокот и ткивото на невроните не можат да растат и да се регенерираат. Иако навистина тоа не се случува на истиот начин како ткивата кај другите делови од телото, невроните можат да растат во текот на животот, факт што додаде комплетно нова димензија во проучувањето на мозокот и болестите на мозокот.

8. Информациите „патуваат“ со различна брзина кај различните типови неврони
Не се сите неврони исти. Постојат неколку различни видови во телото и трансмисијата кај овие различни видови може да биде кај некои со брзина од 0.5 метри во секунда, а кај други – 120 метри на секунда.

9. Самиот мозок не чувствува болка
Додека мозокот е центарот за болка кога ќе се пресечете или изгорите, тој самиот нема рецептори за болка и не чувствува болка. Тоа не значи дека вашата глава нема да ве боли. Мозокот е опкружен со многу ткива, нерви и крвни садови кои се приемчиви кога е болката во прашање и кои можат да ви предизвикаат болно биење во главата.

10. 80% од мозокот е вода
Вашиот мозок не е онаа сива, цврста материја која сте ја виделе на телевизија. Живото мозочно ткиво е влажен, мек орган налик на желе заради големата количина крв и вода во него. Па следниот пат кога ќе се почувствувате дехидрирани напијте се нешто за вашиот мозок да остане хидриран. [10 Weird Facts About The Brain]

10 Weird Facts About The Brain

- Реклама -