Познато е дека заљубениот човек посебно зрачи со задоволство и среќа, но помалку се познати скриените промени кои се случуваат во нашите тела.
Заљубеноста всушност не ги активира само „пеперутките“ во стомакот, таа делува подобро и од апчињата против болки, ја прави храната послатка и дури го успорува ритамот на срцето. Ви откриваме десет навистина фантастични промени во организмот активирани од заљубеноста.
1. Мозокот ја менува активноста во дел од секундата
Љубовта на прв поглед на нас ни звучи како клише или добро избрендиран наслов на холивудските романтични комедии, но во прилог на веродостојноста на љубов на прв поглед се прават најнови истражувања. Љубовта активира дури 12 подрачја во мозокот, а резултатот е чувството да се биде заљубен веќе во петтиот дел од секундата.
2. Срцето застанува (ок, го забавува своето темпо)
Заљубеноста влијае на нивото на хормоните, чиј резултат е забавување на крвниот притисок и срцевиот ритам.
3. Губиме сон
Резултатите покажале дека човекот во периодот на заљубеност губи околу еден саат спиење. Причината за тоа е размислувањето за саканата личност кое нас не држи будни.
4. Болките во телото престануваат
Љубовта во мозокот ги активира истите рецептори на кои делуваат лековите против болки.
5. Стануваме сенилни/заборавени
За време на заљубеноста во мозокот доаѓа до ослободување на окситоцинот- хормон на љубовта, кој го блокира памтењето. Резултатот е чувството на отсутност и заборавеност.
6. Се активира љубомората
Ситуациите во кои не можете да се контролирате кога ќе ја видите саканата личност во разговор со друга личност од спротивниот пол, се првите знаци на вистинска заљубеност. Всушност, докажано е дека љубовта влијае на нашето чувство на заштита на саканото лице, или со други зборови, таа ја активира љубомората.
7. Храната станува послатка
Во текот на истражувањата во кои учествувале заљубени студенти, задачата им била да пробаат различни видови на храна и да го оценат нејзиниот вкус. Резултатите биле прилично неочекувани, односно сите се согласиле дека храната и пијалоците имаат сладок вкус.
8. Губиток на концентрација
Несвесното размислување за партнерот ги нарушува нашите работни способности, а едно истражување покажало дека за време на заљубеноста во дадените задачи даваме послаби резултати.
9. Гласот станува повисок и потенок
За време на комуникацијата со саканата личност, гласот на жената добива повисока фрекфенција и станува потенок.
10. Коските зајакнуваат
Едно истражување покажала корелација помеѓу среќните брачни парови и силните коски.