Во интерпретирањето на соновите ништо не е онака како што изгледа т.е. сè има некое друго значење. Без разлика што вика Фројд, цигарата никогаш не е цигара.
Во интерпретирањето на соновите ништо не е онака како што изгледа т.е. сè има некое друго значење. Без разлика што вика Фројд, цигарата никогаш не е цигара.
1. Ако сонувате дека гледате во некој што е гол, воопшто не значи дека имате некакви перверзни воајеристички склоности, туку дека сте сочувствителни. Да гледате како некој се соблекува покажува дека сакате да ја разберете таа личност подобро за да ви биде поудобно во нејзино присуство.
2. Ако имате сон со кастрирање, тоа значи дека се чувствувате некреативно.
3. Ако сонувате оргија, тоа би значело дека треба да имате помалку хобија во реалниот живот.
Ако во сон се исцрпувате во симултан секс со група луѓе, може да значи дека во реалниот живот имате премногу активности кои ја трошат вашата енергија.
4. Ако сонувате дека имате ерекција значи дека треба конечно да почнете да ја пишувате книгата за која зборувате цело време. Ерекциите не значат ерекции во сон, туку дека имате сила и енергија која треба да ја искористите, најчесто на креативен начин.
5. Ако сонувате дека носите појас на невиноста значи дека премногу сте заштитнички расположени. Ако сакате да ги ставите вашите гениталии под клуч, тоа е знак дека треба малку да се опуштите.
6. Ако сонувате кондоми… па, тоа зависи од видот на кондомот. Ако е неотпакуван, тогаш треба да дозволите другите да го кажуваат слободно своето мислење. Ако сте жена и сонувате маж кој носи кондом, тоа значи дека чувствувате дека сте емотивно заштитени одосно сигурни. И конечно, ако кондомот е без опаковка, значи дека сте сексуално исфрустриран (бидејќи очигледно секое толкување на соништата мора да биде спротивно на логиката).
7. Ако сонувате инцест… значи дека му простувате на членот на семејството за расправијата која сте ја имале.
8. Ако сонувате дека некој орално ве задоволува, значи… па, дека сте себични.
9. Ако сонувате дека сте хомосексуалец, значи дека не сте. Таков сон покажува само дека се прифаќате себеси и дека сте сочувствителни кон другите.
10. Но, ако сонувате дека сте бисексуалец, тоа значи дека сте хомосексуалец. Ове две последни толкувања покажуваат колку е случајна и нелогична уметноста на толкување на соништата.
Напомена: Овие толкувања се однесуваат само на еден симбол на сонот, додека за да се толкува еден сон треба да се анализира во целина. Толкувањата се преземени од веб страниците на кои можете да добиете толкување за симболите во соновите, како што е www.dreammoods.com.