10 часовници поскапи од Ферари

saatПовеќето од овие часовници се посложени од калкулатор и имаат повеќе историја отколку што некогаш ќе научите. За да ги разберете, можеби ќе ви треба и диплома по инженерство. Како и да е, сите се кул и апсурдно скапи.

Повеќето од овие часовници се посложени од калкулатор и имаат повеќе историја отколку што некогаш ќе научите. За да ги разберете, можеби ќе ви треба и диплома по инженерство. Како и да е, сите се кул и апсурдно скапи.

Patek Caliber 89 – $5,120,000
patek

За да го купите овој часовник ќе треба да продатете 3.5 Bugatti Veyrons. Што го прави овој часовник толку скап? Па, за почеток, тоа е најсложениот џебен часовник на планетата, со 33 компликации. Ќе ви треба диплома по инженерство за да го разберете, a требало повеќе време да се дизајнира отколку што вие сте учеле факултет.

Split Seconds Patek Philippe Reference 1436 By Tiffany & Co. – $214,000
patek1
Ги има името на Tiffany, па знаете дека ќе биде скап. Но, во споредба со останатите часовници на оваа листа, всушност е доста ефтин. Што се $214,000?

Patek Philippe Ref 5016P – $762,000
patek2

Го заокружуваме тројството на Patek со Ref 5016P (p е за платинум). Овој часовник е втор најкомплициран рачен часовник на планетава кој е произведен од Patek. Проблемот со овие часовници е во нивното подесување, но Patek има решение за тоа. Еднаш подесен и ќе нема потреба од повторно прилагодување на времето се до 2100 година. Тоа е нешто што децата на децата на вашите деца ќе го ценат.

Breguet Marie Antoinette – $XX,000,000
breguet

Овој часовник оригинално бил дизајниран за Marie Antoinette и има повеќе парчиња од iPhone (823). Сам се навива, има вечен календар, прескокнувачки час, индикатор за резервна енергија и термометар – се освен MMS. Требало 44 години да се конструира, но Marie Antoinette починала пред тоа. Оригиналниот часовник исчезнал и никој не го видел. Swatch започна потрага по часовникот, но кога не успеаа да го најдат направија копија на истиот, користејќи само слика од оригиналот. Се нуди осумцифрена сума за овој часовник, но одбиваат да го продадат.

Jaeger-LeCoultre Gyrotourbillon 1 – $400,000
jlc

Овој часовник секако дека е комплициран, но има нешто кое другите часовници го немаат. Tourbillon. Што е tourbillon? Тоа е рачна анти-гравитациска направа. Најпросто, tourbillon-от спречува гравитацијата да влијае на точноста. Нормалните tourbillon-и се искачуваат на првата оска на антигравитација, но овој се искачува на втората.

Rolex Submariner – $234,000
mcqueen

Многумина ја имале честа да имаат Rolex на раката некогаш во животот – но не овој Rolex. Овој Rolex Submarine е носен од единствениот Steve McQueen.

Vacheron Tour de l’Ile – $1,250,000
vacheron
Vacheron е најстариот производител на часовници уште од 1755. Искуството им дозволува да го направат овој Tour de l’Ile најкомлициран сериски рачен часовник кој некогаш бил произведен. Има tourbillon, две лица и мноооогу компликации и делови.

AP Royal Oak Grande Complication – $560,000
apgc
Royal Oak Grande е уште еден часовник со вечен календар и ќе биде точен многу години откако нема да бидеме живи. Ги има сите делови и ситници како и другите часовници, но ги претставува на начин на кој нема да ви треба прирачник од 1000 страници.

Richard Mille Tourbillon – $525,000
richardmille
Погледнете го само колку е модерен. Многу од овие часовници имаат модерни елементи, но ниеден нема олку модерен дизајн. Направен е од алуминиум, титаниум и совршенство.

Ulysse Nardin Triplejack Minute Repeater – $340,000
ulysse
Можеби звучи чудно, но овој часовник изгледа како да има некоја длабока мрачна историска тајна… која само Николас Кејџ може да ја открие. Да, поскап е од Ферари, но изгледа многу едноставно. Служи САМО за гледање време… кој го сака тоа?

[coolmaterial.com]

- Реклама -