Нозете во високи потпетици почнуваат да болат по еден час, 6 минути и 48 секунди. До овој резултат дошло истражувањето спроведено во Велика Британија во кое биле вклучени 2 000 испитанички. 20 проценти од нив со први знаци на непријатност се соочуваат по 10 минути, доволни за настанување плускавци и стврднување на кожата.
„Нема сомнение дека жените поради носење високи потпетици се соочуваат со ризик за трајни повреди. Ако ги прашаме дали сакаат модерни штикли или здрави стапала, повеќето од нив ќе се одлучат за првиот избор“.
Колку е поголема штиклата, наведнувањето кон напред на телото е поголемо поради што жените мора да се напнуваат во спротивна насока за да ја надополнат неприродната положба на телото. Освен тоа високите потпетици го туркаат стапалото напред стискајќи ги прстите и предизвикуваат стврднување на кожата, нокти што растат во кожа и плускавци.
„Секоја потпетица над 5 сантиметри претставува опасност за здравјето. Жените кои сакаат да бидат повисоки би требало да носат платформи, чиее лошо влијание на стапалато е помало отколку кај штиклите“, вели водачот на студијата, ортопедот Мајк О Нил.
Најчести повреди на стапалата од високи потпетици:
1. Плускавци 55%
2. Испукани пети 45%
3. Курјо око 28%
4. Тврда кожа 24%
5. Враснати нокти 20%
6. Атлетско стапало 20%
7. Дива коска 13%
8. Проблеми со зглобовите 11%
9. Артритис 9%
10.Проблеми со мускулите 8%
Ако не сакате да се откажете од вашите омилени штикли, барем во посебни прилики, ви претставуваме неколку вежби за ублажување на болката на листовите и стапалата:
1.Наполнете пластично шише од половина литар со мраз и вода. Ставете го на пешкир. Шишето ставете го на средината на табанот и движете го напред-назад. Користете притисок по желба и по неколку минути повторете ја постапката и на другата нога.
2. Префрлете го левиот зглоб преку десниот, со прстите свиткани во насока на левата пета. Свиткајте го десното колено за да го зголемите истегнувањето на горниот дел од левото стапало. Задржете ја положбата 15 до 30 секунди. Повторете со другата нога.
3. Земете пешкир и здиплете го на половина. Во седечка положба наместете го пешкирот на половината на табанот и влечете го кон себе. Задржете ја положбата 30 секунди и повторете на другата нога.