Не сите неверојатни фотографии се производ на играњето со Фотошоп. Некои од нив, без разлика колку да ви се чинат обработени, всушност се потполно автентични.
Не сите неверојатни фотографии се производ на играњето со Фотошоп. Некои од нив, без разлика колку да ви се чинат обработени, всушност се потполно автентични.
Мутирана златна рипка?
Гледајќи ја оваа фотографија, не можете да не помислите оти се работи за некаков филмски реквизит. Сепак, ова е жива риба, уловена од француски рибар кој е специјализиран за ловење крапови. Оваа „златна рипка“ тежи само 13,6 килограми.
Се чувствувате малечки?
Технички, оваа фотографија не може да не биде фотошопирана, со оглед на фактот дека во последниве 10 години ниту една фотографија со жени не излегла во списание пред да биде ретуширана. Но, што се однесува на манекенката Амазонка на фотографијата, она што го гледате е потполно автентично. Таа е висока точно 2 метра, а на штикли, преку 210 см.
Сцена од филм со поделени сништа?
Не, ова не е сцена од „Почетокот“, туку фотографија од Французинот Филип Рамет. Наместо да потроши 150 милиони долари, тој само го свртел фотоапаратот странично.
Невозможно?
Откако оваа полициска фотографија беше објавена во весник од Мајами, на сајтот од весникот се појавија илјадници коментари со тврдења оти се работи за фотошоп измама. Сепак, овој човек постои, таков каков што е при апсењето за подведување проститутка. Истиот има уште неколку ситни прекршоци во досието, а според оние што го познаваат, функционира сосема нормално.
Растопени шини?
Она што наликува на играчка фрлена од изнервирано дете, всушност е дело на природата, која нѐ потсетува колку сме безначајни. Овие шини се наоѓаат во Нов Зеланд. Фотографирани се веднаш по неодамнешниот земјотрес.
Надреална слика?
Ако се работеше за уметничка слика, ова ќе беше импресивно. Но, кога ќе дознаете дека се работи за вистинска црвка во ваква карпа, тогаш станува уште поимпресивно. Се наоѓа во Трентино, Италија.
Кози каскадери?
Дивите кози се неверојатно снаодливи суштества кога станува збор за стрмни површини. Ова е речиси вертикален ѕид од брана во Италија, но тие немаат никаков проблем да се прошетаат по него. За подобра перспектива, можеби треба да се погледнат од друг агол:
Мултиплициран авион
Мултиплициран авион
Ова е фотографија е аеромитинг на Сините Ангели, во кој тие изведуваат многу блиски прелети.
Вонземска планета од лош научно фантастичен филм?
Вонземска планета од лош научно фантастичен филм?
Ова е фотографија од гејзер во Невада кој е постојано активен. Боите се должат на минералните наслаги кои се напластиле од долгите години активност.
Многу лоша монтажа?
Фотографијава што наликува на многу лошо изведена операција копи-пејст во фотошоп, всушност е оптичка илузија од Бразилката Реџина Силвеира.