До 10.000 евра на невработени кои ќе започнат со сопствен бизнис

Доколку имате визија за сопствен бизнис и сонувате да станете “сам свој газда“ искористете ја шансата и аплицирајте на најновиот повик за самовработување со кредитирање.

Агенцијата за вработување објави повик до сите невработени лица кои активно бараат работа и сакаат да започнат со сопствен бизнис, да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање.

Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места (вклучувајќи го и кредитобарателот), односно до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем, стои во огласот.

Рокот на враќање на средствата е 7 години со вклучен грејс период од 1.5 година, а каматната стапка е 1% на годишно ниво.

Барањето за кредит се поднесува во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување секој работен ден од 09:00 до 14.00 часот, а целиот оглас може да го погледнете ТУКА.

- Реклама -