1-ви јануари е роденден на сите Aвганистанци

Од американската инвазија на Авганистан, 1-ви јануари во земјата не се слави како почеток на годината туку како официјален роденден на илјадници Авганистанци кои не знаат кога се родени.

За време на војните во земјата во 80-те и 90-те авганистанските власти немаат систем за регистрација на новородени, а личните карти и возачките не се стандардни во земјата, па семејствата немаат причина зошто да ги запишуваат точните датуми на раѓање. Во исто време сите владини формулари и документација бараат само приближен датум на раѓање според муслиманскиот календар.

Кога САД и НАТО сојузниците доаѓаат во земјата, отвораат најразлични работни места, а почнуваат и со издавање визи за локалците, ова значи и потреба од документи кои се водат по регуларниот светски календар.

Заради сето ова, сите што не знаат на кој датум се родени, го избираат 1-ви јануари како свој роденден, плус датумот им е лесен за памтење.

Слични проблеми се појавија и на други некогашни воени жаришта како Виетнам, Судан и Сомалија, каде илјадници луѓе кои не знаеа кога се родени го избраа 1-ви јануари.

- Реклама -