1.5 година затвор за Груевски, условна казна за Јанакиески за протестите пред Општина Центар во 2013 год.

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје падна пресудата за случајот „Насилство во Центар“, за поттикнување насилство за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Душко Јосифоски ги прогласи обвинетите за виновни. Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на 1.5 година затвор, додека Миле Јанакиески и останатите добија условни казни. Јанакиески ќе одлежи 1 година, но само ако во следните 4 години го повтори делото.

Претходно обвинителката Фатиме Фетаи побара најстроги казни за Никола Груевски и Миле Јанакиески, како поттикнувачи, со цел, како што рече во завршните зборови, да се одвратат сите други од такви намери во иднина.

 

- Реклама -