Со „Мојот маж“ се отвора сезоната во Драмски театар

В петок, на 20 септември од 20 часот ќе се игра претставата „Мојот маж” во режија на Нела Витошевиќ и на 21 септември, сабота, од 20 часот ќе се игра претставата „Диши” по текст на Данкан Мекмилан во режија на Димче Николовски-Димсата. Станува збор за дуодрама со Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

- Реклама -